Connect with us

Инфо +

Заразениот војник пристигна во Скопје, брисевите испратени во МАНУ

Published

on

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска информира дека рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје.

Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника. Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е до добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави. Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација, напиша Шекеринска на Фејсбук.

УТРОВО ВО 5.30 ЧАСОТ, МАКЕДОНСКИОТ ВОЈНИК ЗАРАЗЕН СО KОВИД 19 ОД АФРИКА СО ПОСЕБЕН ТРАНСПОРТ СТИГНА ВО ЗЕМЈАТА И ВЕЌЕ Е ХОСПИТАЛИЗИРАН НА КЛИНИКАТА ЗА ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ.  ТОЈ Е ВО ДОБРА ОПШТА СОСТОЈБА И МАЛКУ УМОРЕН ОД ПАТОТ, ПОТВРДИ ДИРЕКТОРКАТА НА ИНФЕКТИВНА МИЛЕНА СТЕВАНОВИЌ ВО УТРИНСКОТО ГОСТУВАЊЕ ВО МАГАЗИН ЗДРАВЈЕ НА СИТЕЛ ТВ.

Македонија

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот министер за култура Хусни Исмаили

Published

on

Управата за финансиска полиција, до Oсновното јавно обвинителство Тетово поднела кривична пријава против Х.И. поранешен министер за култура, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело несовесно работење во службата од член 353-в ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.

– Пријавениот Х. И. во својство на службено лице- министер во Министерството за култура, ја злоупотребил својата службена положба и овластување со неизвршување на својата службена должност на начин што во периодот од 27.06.2019 до 30.08.2020 година, на ден 24.07.2020 година, несовесно постапил на начин што потпишал решенија и склучил договори со правни и физички лица за финансирање на проекти во вкупен износ од 31.824.000 денари, иако бил свесен дека со извршениот ребаланс на буџетот од страна на Владата на Р.С.Македонија објавен во Службен весник бр.126 од 15.05.2020 година, недостасуваат финансиски средства за веќе преземените тековни обврски во однос на годишните конкурси за финансирање на проекти, се појаснува во соопштението од Финансиската полиција.

Со горенаведените дејствија, се подвлекува, пријавениот Х. И. предизвикал штета на Буџетот на министерство за култура по основ потпишани решенија и склучени договори во износ од 31.824.000 денари.

Извор: Независен.мк

Continue Reading

Балкан

Физичка пресметка меѓу пратениците на владејачката коалиција и опозицијата во српското Собрание, седницата прекината

Published

on

Седницата на српското Собрание на која се расправа за Предлог-буџетот за 2025 година е прекината поради инцидент, туркања и физичка пресметка на пратениците од владејачката коалиција и опозицијата, јави дописникот на МИА од Белград.

До инцидент дојде кога пратениците на владејачката коалиција и на опозицијата дојдоа на говорницата држејќи транспаренти, по што имаше извици, меѓусебно туркање и фрлање хартии и вода.

Continue Reading

Македонија

Меџити: Утре ЈСП ќе добие шест електрични автобуси

Published

on

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити оценува дека природата овие денови направи Скопје да не е на врвот на листата на најзагадени градови. И ова според него, не е од денеска туку е од поодамна.

Меџити како што нагласи, сака повеќе да се занимава со причините отколку со последиците за овој случај.

„Главен фактор е тоа што индивидуалните домувања се греат на се и сешто, не по нивна вина туку дека досега не сме им овозможиле. Во овој дел сакаме да го вратиме проектот за гасификација и да го тераме до крај. Тоа ќе биде прво што ќе придонесе за намалување на загадувањето. Второ да го субвенционираме централното греење, односно луѓето да почнат да се враќаат на централното греење бидејќи тоа е уште почисто од гасификацијата“, нагласи министерот за животна средина Меџити.

Според Меџити, главниот фактор за загадувањето во градот е урбаниот транспорт и затоа, како што најави, утре ќе се донираат шест електрични автобуси на Град Скопје односно на ЈСП, на кои како што потсети, деновиве Владата им помогна со позајмување на нафта за да бидат во функција.

„Деновиве разговараме и пред одлука сме Владата да купи 120 електрични автобуси кои ќе бидат доделени како донација на јавниот транспорт по општините, посебно во урбаните средини. Има одлука и акциски план од Владата од сите сектори се преземаат мерки, но јас сум повеќе за тоа да се елиминираат причините“, потенцира Меџити.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк