Израел мобилизиpaше уште 9000 peзeрвисти, Aрмијата е подготвена да започне копнена операција

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц денеска и нареди на израелската армија да повика 9.000 резервисти, соопшти прес-службата на Министерството за одбрана.

„Министерот за одбрана Бени Ганц откако ја процени одбранбената состојба во областа, согласно со оперативната потреба, ја овласти ЦАХАЛ итно да мобилизира уште 9.000 резервисти“, се вели во соопштението.

Претходно, портпаролот на израелската армија, бригадниот генерал Хидаи Зилберман изјави дека армијата е „подготвена да започне копнена операција во секое време“.

Според „Џерусалим пост“, планот за копнена операција треба да му биде презентиран денеска на началникот на ГШ Авив Кохави.