МВР демантира: Не се работи за престрелка во Ченто, туку за сообраќајка

Откако повеќе портали вечерва пренесоа информации дека според очевидци се случила престрелка во скопската населба Ченто со ранети и убиени лица, МВР го демантираше истото.

Според информации од МВР се работи за дезинформација, во населбата Ченто на потегот меѓу последната и претпоследната станица на автобусот број 45 дошло до тешка сообраќајна несреќа меѓу две возила, по која едното се превртело и има повредени лица.

Повеќе детали се очекуваат од МВР вечерва.