Снимен неверојатен момент: Сурферите немале идеја околу што пливаат (ФОТО)

Неверојатен момент е снимен од дронот на еден фотограф на една од најпопуларните плажи во Австралија.

Дарио Берзоса Санчез го снимал океанот на плажата Бонди, и потоа забележал бизарен момент. Група сурфери на даски пливале точно околу вртлогот што се појави во океанот.

„Веројатно беше предизвикано од силни струи за време на викендот“, изјави Дарио Берзоса Санчез за „Дејли меил“.

– Ако подобро погледнете, ќе видите дека вителот ги привлекува сурферите кон нив, но тие сигурно не биле ни свесни- додаде тој.

За среќа, немало пливачи во близина на вртлогот, бидејќи да имаше, ќе ги повлечеше.

Иако експертите не објасниле зошто се случило тоа, вртложите се појавуваат во водата кога ќе се сретнат две различни струи. Ако вртлозите се поголеми, тие можат да бидат многу опасни за пливачите.