Синди Крафорд на 55 години е со беспрекорна убавина (фото)

Насловната страница на списанието „Вог“ со портрет на прекрасната манекенка списанието привлече посебно внимание и беше оценета како крајно провокативна.

Во февруари, популарната манекенка Синди Крафорд наполни 55 години, но секој ден добива комплименти за нејзиниот се уште совршен изглед.

Нејзиното појавување на насловната страница на бразилскиот „Вог“, како и во едиторијалот, го покажува токму тоа. Судејќи според реакциите на јавноста, моделот изгледа беспрекорно: „Икона“, „Убава“, „Најубавата манекенка досега“, „Останав без здив“, се коментарите на официјалната страница на Инстаграм на бразилскиот „Вог”.