Connect with us

Инфо +

Бугарски универзитет ќе отвори филијала во Македонија!?

Published

on

Според ректорот на Универзитетот во Велико Трново, проф. Христо Бонџолов, веста во телефонски пред неколку дена ја соопштил премиерот Зоран Заев.

Бугарскиот универзитет од Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“ ќе отвори своја филијала во Македонија, јави бугарското Национално радио.

Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, преговорите меѓу Универзитетот во Велико Трново и Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ во Свети Николе се воделе три години.

Разговарав телефонски со премиерот на Република Македонија Зоран Заев и тој ме увери дека следната недела, на седница на Владата на Република Македонија, ќе биде донесена одлуката да се отвори филијала на Универзитетот Велико Трново „Свети Кирил и Методиј“ на територијата на Република Македонија. Ќе се обидеме заедно – Бугарија и Република Македонија, да ги изградиме уништените мостови, објави во видео обраќање, проф. Бонџолов.

Од следната академска година, по програмата на Универзитетот во Македонија, ќе студираат повеќе од 100 магистри и околу 50 докторанти.

Македонија

Приведен осомничен за серија тешки кражби

Published

on

На 7 јануари 2025 година, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го привеле С.Ј. (40) од село Подареш, кој се сомничи за извршување на четири кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Радовиш. Кражбите биле извршени во викенд-куќи и помошен објект.


Според информациите, при претрес во домот на осомничениот, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од извршените кривични дела. Пронајдените предмети се одземени и ќе бидат вратени на нивните сопственици.

С.Ј. бил задржан во полициската станица Радовиш. За случајот бил информиран јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по завршување на истрагата и документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Continue Reading

Македонија

Скопјанец си ја пријавил сосетката, го истепала пред влезната врата!

Published

on

На 07.01.2025 во 15.15 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(39) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот пред влезната врата од неговиот стан на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од негова сосетка. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Македонија

Полицијата откри измама, куќа вредна 21 милион денари го убедиле да им ја продаде за пет пати помала цена

Published

on

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.М. (51) од Гостивар поради сомнение за сторени кривични дела „соизвршителство“ и „измама“. Кривична пријава е поднесена и против С.К. (76) за „помагање“ и „измама“.

Според истрагата, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, З.М. и С.К. заеднички го довеле во заблуда оштетеното лице, кое имало одземена деловна способност, да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари. Оштетеното лице, под влијание на пријавените, ја продало куќата по значително пониска цена од 5.231.750 денари.

Со ваквите дејствија, првопријавениот се обидел да се стекне со сопственост врз имот од значителна вредност, додека второпријавениот му помогнал во реализацијата на овој план.

Од полицијата информираат дека истрагата продолжува, а случајот е предаден на надлежните органи за понатамошно постапување.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк