Вчера пристигнаа вакцините од Астра Зенека на скопскиот аеродром

Вчера вечер пристигнаа 38.400 вакцини од производителот Астра Зенека кои се обезбедија преку Ковакс механизмот.

Вакцините ќе бидат наменети за ревакцинација и вакцинација на граѓани над 60 години. Количините постојано се надополнуваат, пријавете се на vakcinacija.mk, напиша на Фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.