Connect with us

Инфо +

Ни требаше уште два-три дена: Ова се зборовите на Веља Невоља од затвор, биле наменети за Вучиќ?

Published

on

Велимир Беливук не може да се помири што беше уапсен пред важна акција која ја планирала неговата екипа. Тој во затвор се пожалил дека малку фалело да го ликвидира претседателот Александар Вучиќ.

Ни требаше уште два-три дена наводно рекол Веља невоља.

Овие негови зборови во затворот допреле до агентите на БИА кои заклучиле дека се однесуваат на претседателот Александар Вучиќ. Претходно екипата на Веља набавиле оружје и митралези токму од српското МВР кои им биле давани како расходувани иако тоа биле речиси нови парчиња.

Инфо +

Со 1,5 милиони евра од ЕУ ќе се подобрува правната рамка за квалитет на воздухот

Published

on

(29.01.2025) Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) започна имплементација на проект за усогласување на националното законодавство за квалитет на воздухот со европските регулативи. Проектот, кој започна во ноември 2024 година, е поддржан од ЕУ ИПА 2 Програмата со вкупен буџет од 1,5 милиони евра и ќе трае две години.

Преку оваа иницијатива ќе се транспонираат европските директиви (2008/50/EC, 2004/107/EC и 2016/2284/EC) во националното законодавство. Како резултат, ќе се подготви целосно нов закон за квалитет на амбиентен воздух, како и неколку подзаконски акти што ќе обезбедат усогласеност со барањата на ЕУ. Дополнително, ќе се изработат планови за имплементација на овие директиви, вклучувајќи и финансиски анализи за нивното спроведување.

Во рамките на проектот, ќе се подготват национални плански документи за заштита на амбиентниот воздух, кои ќе содржат конкретни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот во координација со надлежните институции. Исто така, ќе се работи на подобрување на националниот инвентар за емисии, како и на изработка и спроведување на план за мониторинг на тешки метали, полициклични ароматични јаглеводороди и испарливи органски соединенија.

Како дел од проектот, ќе се воспостават зони и агломерации за мониторинг на загадувачките супстанци, а истовремено ќе се зајакнат административните капацитети за спроведување на мерките. Ова ќе овозможи поефикасно управување со квалитетот на воздухот и негова подобра регулација во согласност со европските стандарди.

Министерство за животна средина и просторно планирање

Continue Reading

Македонија

Сиљановска-Давкова: Зајакнување на Македонско-Турската Стратешка Соработка

Published

on

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, оствари средба со Фуат Октај, претседател на Комисијата за надворешна политика на Големото национално собрание на Турција, при што беа афирмирани традиционално одличните македонско-турски односи.

„Очекуваме проширување, интензивирање и продлабочување на соработката во интерес на граѓаните на двете држави“, истакна Сиљановска-Давкова.

Таа ја изрази својата поддршка за формирањето на Високиот совет за турско-македонска стратешка соработка, оценувајќи го како неопходен правно-институционален механизам кој ќе гарантира успешна и долгорочна билатерална соработка.

Оваа средба претставува уште еден значаен чекор кон зајакнување на партнерството меѓу Македонија и Турција, во духот на заеднички интереси и пријателство.

Continue Reading

Македонија

БОЖИНОВСКА: СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЕНЕРГЕТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ

Published

on

На вчерашното гостување на поткаст на тема „Жените во енергетиката“, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска  истакна дека во текот оваа година, Скопје ќе биде домаќин на меѓународен настан во организација на регионална комисија на Обединетите нации. На овој настан се очекува присуство на повеќе од 500 експерти од светот на енергетиката, а министерката ќе ја искористи можноста да организира настан, панел дискусија со наслов жени во енергетиката.

На прашање како да се охрабрат жените да земат поголема улога во енергетиката, рударството и минералните суровини, министерката Божиновска истакна „Во 2008 година кога соработував со земјите од регионот, само во Грција и Босна и Херцеговина имаше жени на раководни места. 15 години подоцна половина од државите во овој регион веќе има жени на клучни позиции. Гледам голем просперитет. Во Србија, министер за енергетика е жена, во Албанија, министер за енергетика и вицепремиер е истотака жена, а и во Косово има министерка за енергетика.“.

Во текот на изминатиот период Божиновска била присутна на доделувањето на инжинерски прстен, кој се доделува под покровителство на Претседателката Силјановска – Давкова, и била пријатно изненадена што поголемиот број на добитници биле жени. Истотака, при соработката со електротехничкиот факултет забележала дека поголемиот број од студентите биле жени што е за поздравување. 

Во однос на родовата застапеност во министерството министерката Божиновска потенцира дека „Моментално имаме 74 вработени и 38 од нив сме жени.“.

„Јас сметам дека жените имаат поинаков пристап од мажите. Секогаш ја цитирам Маргарет Тачер којашто кажува дека ако сакате нешто да се зборува викнете маж, меѓутоа ако сакате нешто да се сработи викнете жена“ – изјави Божиновска. 

Според досегашното искуство од работењето на Министерството кај жените раководители има поинаков пристап, со повеќе разбирање и повеќе можности за поинаку да се пристапи на проблемот. 

Пред гостувањето на поткастот, министерката информираше дека одржала состанок со претставничка на ОН и на состанокот имало шест присутни и сите од нив биле жени и постигнале согласност за многу важни прашања и заклучиле дека биле многу ефикасни и ефективни, веројатно и поради тоа што се жени.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк