Connect with us

Инфо +

Брашното и лебот ќе поскапат до плафон ако не се заштити домашното производство

Мелничарите од земјава се соочуваат со блокада од косовска страна. Велат дека веќе 25 дена не можат да реализираат извоз зашто Косово им ги враќа камионите со брашно под изговор дека нивото на железо и фолна киселина во него е под пропишаниот правилник.

Како што вели за МИА претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ, за ваквиот проблем веднаш биле известени Министерството за економија и Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Мелничарите дури побарале и итна средба со надлежните, но до денеска не добиле никаков одговор.

Сакаме да ги известиме јавноста, земјоделците и Владата дека како извозници на брашно се соочуваме со измислена, вештачка блокада од страна на Косово веќе 25 дена. Веќе 15 и повеќе години извезуваме брашно во Косово по нивните критериуми без проблеми. Како извозници правиме анализи на брашното во нашите акредитирани лаборатории, за да провериме дали ги исполнуваме условите, како и од официјални причини за извоз, односно за да добиеме сертификат за потекло и квалитет за извоз на брашното. Во последните 25 дена, Косово ни ги враќа камионите под изговор дека нивото на железо и фолна киселина е под пропишаниот правилник, иако и пред испорака и по враќањето нашето брашно е испитано во нашите лаборатории и констатирано е дека содржи повеќе од минималната утврдена количина на железо и фолна киселина – нагласува Малишиќ.

Тој ги обвинува надлежните за немање слух и водење неправилна политика.

– Групацијата веднаш ги извести официјално АХВ и Министерството за економија за вештачката блокада од Косово, но до ден денес никој официјално не изреагира. Барем да не викнеа на состанок. Поради неслухот на нашите државници и неправилната политика, во изминатите години земјава е доведена на ниво на најзависна држава од увоз за најосновните земјоделски култури. До 2005 година бевме лидер во производство и преработка на земјоделски култури и сточарство по глава на жител. Сега, ниту земјоделците, ниту преработувачките капацитети имаат интерес да го зголемат производството за да бидат доволно самостојни во исхраната на сопствените граѓани, без разлика на субвенциите кои се доделуваат. Од истата причина, поради неодговорноста за заштита на домашното производство, се случуваат сегашните ценовни зголемувања на најосновните производи – истакнува Малишиќ.

Мелничката индустрија апелира до Владата, одговорните министерства и државни агенции, веднаш да го решат проблемот со извозот, како и неконкурентниот и неконтролиран увоз на брашно со околните држави кои се потписнички на ЦЕФТА и со соседите кои се членки на ЕУ.

– Ако не можат, тогаш нека спроведат соодветен реципроцитет. Изгледа дека само ние ги почитуваме ЦЕФТА протоколите, а домашното преработувачко производство во изминатите 15 години се намали за најмалку 60 отсто. Апелираме дека е крајно време да се преземат мерки за заштита и зголемување на домашното производство и преработка. Во спротивно, ќе се соочиме со енормно зголемување на цените на брашното и лебот како основни суровини од пченицата, која пак е заштитена со Закон како стратешка култура, кој Закон ниту еден државник не го почитува од 2000 година па наваму – предупредуваат мелничарите.

Според Малишиќ, сите членки на ЦЕФТА на најразлични начини го блокираат увозот на брашно како стратешки државен производ.

– Албанија ги има зголемено критериумите на протеин во брашното со што е невозможно да го произведеш во балкански услови освен ако користиш најквалитетна пченица, која пак пченица во наши услови е поскапа од брашното кај нас или кај нив. Косово, веќе спомнав, со правилник за дополнителни количини железо и фолна киселина. Во Србија производителите и преработувачите на пченица (мелнички капацитети) се поддржани со најразлични субвенции, со што цената на брашното е скоро иста како цената на пченицата иако во ЦЕФТА комитетот постои оддел за антидампинг цени – вели претседателот на Групацијата.

МИА побара одговори од Министерството за економија и АХВ во врска со информацијата на мелничарите за косовската блокада.

– Запознаени сме со настанатата ситуација и ја следиме состојбата. Во комуникација сме со косовските власти за изнаоѓање заедничко решение. Ќе преземеме соодветни мерки во зависност од информацијата во текот на следната недела – кусо наведоа од Министерството.

Од АХВ, пак, велат дека имаат издадено сертификат за безбедност кој е усогласен со косовската Агенција за храна и ветеринарство.

– Сертификатот е придружен со резултати од спроведени лабораториски испитувања за безбедност на брашното, направени од страна на извозникот. Испитувањата се направени со соодветни акредитирани методи, со кои е потврдено дека производот е во согласност со важечките прописи за безбеднсот на Република Косово – напоменуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Косово има Правилник за квалитет во кој се бара во брашното да има зголемено ниво на железо и фолна киселина како начин да ја заштитат својата мелничка индустрија од увозно брашно веќе 15 години. Поради ова, за да ги исполнат условите за извоз во Косово, нашите мелници, како што објаснуваат од Групацијата при Стопанската комора, дополнително дозираат премикс со железо и фолна киселина.

Извозот на македонско брашно на Косово е минимум 600 тони месечно, а изминативе денови биле вратени најмалку 300 тони брашно.

Според податоците на Стопанската комора, лани извозот на македонско брашно на Косово на годишно ниво бил 4.400 тони, а во 2019 година изнесувал 8.400 тони.

Свет

Зеленски: Подготвени се клучните документи за безбедносни гаранции и обновата на Украина

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, соопшти дека преговарачкиот тим се враќа од Мајами и дека деталите од разговорите ќе бидат познати во текот на утрешниот ден. Според него, за почетните нацрт-документи е направено сè што било потребно.

Зеленски истакна дека планот содржи 20 точки и дека, иако не е сè совршено, рамката веќе е поставена. Предвидени се безбедносни гаранции меѓу Украина, европските партнери и Соединетите Американски Држави, содржани во рамковен документ, како и посебен билатерален документ со САД за безбедносни гаранции.

Тој нагласи дека билатералниот документ ќе треба да биде разгледан од Конгресот на САД, при што одредени детали и анекси ќе останат класифицирани. „Во овој момент, сето тоа изгледа цврсто и достоинствено“, рече Зеленски, додавајќи дека станува збор за работни нацрти подготвени од украинската војска во соработка со САД.

Претседателот оцени дека фактот што документите се развиени заеднички со САД покажува дека страните се многу блиску до реален исход. Паралелно, се подготвува и првиот нацрт-документ за обновата на Украина, кој ќе ја дефинира економската стратегија.

„Јадрото на сите документи е подготвено. Постојат работи што ние не сме подготвени да ги прифатиме, како и работи што, сигурен сум, Русија не е подготвена да ги прифати“, изјави Зеленски. Тој додаде дека американската страна продолжува со разговорите со руските претставници и дека Украина ќе добие повратни информации по тие средби, при што од украинска страна сите потребни информации веќе се доставени.

Continue Reading

Балкан

Запалена новогодишна декорација пред Градската куќа во Нови Сад (ВИДЕО)

Непознат маж вчера навечер запалил дел од новогодишната декорација поставена пред Градската куќа во Нови Сад.

Според достапните информации, сторителот пристигнал со велосипед и околу 4:14 часот подметнал оган на еден од осветлените вагони, кои се дел од декоративниот воз поставен на плоштадот.

Полицијата веднаш реагирала и започнала истрага за настанот, при што се преземаат мерки за идентификување и пронаоѓање на лицето кое го предизвикало пожарот.

Видеото може да го погледнете на Скопје1

Continue Reading

Свет

Орбан предупредува: Украина падне ли, Унгарија ризикува катастрофа

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека евентуален колапс на Украина би имал сериозни и негативни последици за Унгарија, нагласувајќи дека Будимпешта има силен интерес да спречи такво сценарио. Пораката ја испрати за време на говор во Сегед, во рамки на неговата предизборна турнеја, пренесува Euronews.

„Не треба да се залажуваме – падот на Украина би бил катастрофа за Унгарија. Тоа не е во наш интерес и мора да направиме сè што можеме за да не се случи“, порача Орбан пред своите поддржувачи, ставајќи акцент на надворешната политика.

Својот став тој го илустрираше со споредба од секојдневниот живот, посочувајќи дека вредноста и стабилноста на една држава, како и кај земјиштето, не зависат само од нејзината состојба, туку и од состојбата на соседите и од тоа кој живее таму.

Орбан истакна дека Украина во голема мера зависи од Унгарија во енергетскиот сектор, наведувајќи дека 44 отсто од електричната енергија и 56 отсто од природниот гас што ги користи доаѓаат преку Унгарија, при што значителен дел од тие ресурси имаат руско потекло. Овие податоци унгарските власти ги користат и како аргумент против критиките за блиските односи со Русија.

Говорејќи за војната, Орбан повтори контроверзен став, оценувајќи дека е „тешко да се каже кој кого нападнал“, што е во спротивност со доминантниот меѓународен став за руската инвазија врз Украина. Тој, исто така, оцени дека испраќањето воена помош за Киев само го продолжува конфликтот и, според него, не придонесува за интересите на Украина.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг