Цреши ли се, килограм месо ли е !

Во маркетите и во пиљарите во центарот на Скопје, цреши се продаваат за 200, за 250, па и за 300 денари.

Еден килограм цреши граѓаните го плаќаат и по 300 денари ако пазарат на пример во пиљара во Центар, а пак, на пазарите можат да се најдат тројно поевтино. Кога пред неколку недели се појавија на рафтовите и на тезгите, црешите чинеа суво злато, но како им поминува сезоната, цената полека им паѓа, па потрошувачите можат полесно да си ги купат. 

На некое места, односно во маркетите и во пиљарите во центарот на Скопје, цреши се продаваат за 200, за 250, па и 300 денари. За споредба толку ќе ве чини и ако купите килограм месо.

На пазарите цените се поприфатливи. На пазарчето Буњаковец јаготките чинат околу 100 денари, а црешите 120 денари. На тезгите кај трговскиот центар „Бисер”, кило јагоди се продаваат за околу 70 денари, а кило цреши за 100 денари. Во Чаир пак, цената на јаготки е 60 денари, а кило цреши е 100 денари. На Зелен пазар се наоѓаат јагоди и за 50 денари, а цреши за 80.