Connect with us

Инфо +

Апасиев со „палестинка“ во Собрание – Израел убива деца во Газа

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев денеска во Собранието се појави со препознатливата марама „палестинка“ во знак на поддршка за палестинскиот народ.

Тврди дека во бомбардирањето на Газа убиени се десетици деца.

-Во бомбардирањето на Газа од страна на Израел, деновиве животот го загубија стотици цивили меѓу кои и 40 деца! Кога зборуваме за 40 загинати деца лесно е на бројката да гледаме како на уште само една трагична статистика, но тоа се човечки животи, со своја приказна и не може да се сведат на бројка, велат од Левица.

Потоа и ги наброја имињата за 40-те загинати деца.

„Ова се нивните имиња:
Јазин ал Масри, 2 години
Амир ал Танани, 7 години
Ибраим ал Масри, 11 години
Адам ал Танани, 4 години
Јахја Калифа, 14 години
Мухамед ал Танани, 3 години
Лина Шафер, 16 години
Исмаил ал Танани, 8 години
Мустафа Обаид, 17 години
Ахмед ал Хаваџри, 14 години
Башар Самур, 17 години
Мухамед абу Дија, 1 година
Ибраим Хасанајн, 16 години
Оур ал Замили, 2 години
Мухамед Сулејман, 16 години
Ибраим ал Рантиси, 1 година
Хусеин Хамад, 11 години
Фавзија абу Фарис, 17 години
Бара ал Гарабали, 6 години
Ислам ал Атар, 8 години
Рахат ал Масри, 10 години
Амбер ал Атар, 6 години
Мавран ал Масри, 7 години
Мухамед ал Атар, 1 година
Хамза Али, 12 години
Абдула Џавда, 13 години
Хала ал Рифи, 14 години
Сухаиб ал Хадиди, 13 години
Заид ал Талибани, 5 години
Абдул Рахман ал Хадиди, 8 години
Амаар ал Амур, 11 години
Усама ал Хадиди, 6 години
Хамада ал Амур, 13 години
Мариам абу Хатаб, 8 години
Калид ал Кану, 17 години
Јаман абу Хатаб, 6 години
Лина Иса, 14 години
Билал абу Хатаб, 9 години
Батена Абид, 6 години
Јусуф абу Хатаб, 11 години“.

Свет

Зеленски: САД и други партнери да не вршат притисок за избори во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска нагласи дека Украина не може да поднесе притисок околу одржувањето избори во моментот и ги повика партнерите, вклучително и САД, да не инсистираат на ова прашање.

Во видео обраќање, Зеленски изјави дека водел „важна дискусија“ со пратениците во парламентот за правните и безбедносните аспекти на изборите и дека секој притисок од странство во оваа фаза не е пожелна опција. „Тоа не е лесно, но притисокот по ова прашање дефинитивно не е она што ни треба“, нагласи тој.

Зеленски посочи дека Украина е подготвена да организира избори во рок од три месеци, но само доколку се обезбеди безбедноста на гласачите, со помош на САД и другите сојузници. Тој реагираше и на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој сугерираше дека украинската влада го користи војниот конфликт како оправдување за одложување на изборите.

Иако законски изборите се забранети за време на војна, Зеленски се соочува со дополнителен притисок од странство, додека Русија продолжува со воздушни напади, а милиони Украинци се раселени и речиси еден милион војници е распоредено на фронтот.

Continue Reading

Свет

Руските сили се сè поблиску до Доњецк, но постарите Украинци не сакаат да ги напуштат своите домови

97-годишната Катерина Ломова од Добропоље, Донецка област, одбива да го напушти својот дом и покрај тоа што руските сили се приближуваат и секојдневно го гаѓаат регионот со артилерија, бомби и дронови. Нейната решителност ја симболизира судбината на многу постари жители кои се држат до своите домови, иако се изложени на голема опасност.

Екипата на спасувачи „Бел ангел“ редовно патролира низ областа, обидувајќи се да ги убедат жителите да се евакуираат. Главната патека е заштитена со мрежи против дронови, додека изгорени автомобили и уништени куќи сведочат за разурнувањата. Некои жители се подготвени да заминат, додека други, како Ломова, остануваат непоколебливи.

„Не, не – не сакам да одам сега. Можеби подоцна, но не сега“, вели Ломова, додека нејзината роднина од Шпанија се обидува да ја убеди преку видеоповик. И покрај можноста за безбеден транспорт до Краматорск и подоцна до Павлодар, таа останува во својот дом.

Според извештаите, некои семејства кои веќе биле евакуирани подоцна се вратиле во своите оштетени куќи, ризикувајќи ги животите на себе и на децата. Генадиј Јудин од „Бел ангел“ предупредува дека постарите лица често не ја сфаќаат целосно опасноста и со тоа ја загрозуваат сопствената безбедност.

Во меѓувреме, руските сили продолжуваат со засилено напредување во Донбас, додека украинските жители, како Ломова, се држат до единственото што им останало – својот дом.

Continue Reading

Свет

Украина изведе масовен удар врз Русија

Украина изврши масовен дронски напад насочен кон Москва и повеќе региони во западна Русија, јавуваат извори.

Големи групи дронови биле лансирани истовремено, а нивните траектории покажуваат удари длабоко во територијата околу руската престолнина.

Овој напад се смета за една од најобемните операции со долги дострелни беспилотни летала од почетокот на војната, насочен кон важни инфраструктурни и логистички цели.

Засега нема официјални информации за жртви или материјална штета.

Извор: @sentdefender

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг