Евровизиската водителка била МАЖ!

Една од најпознатите јутјуберки во светот, холандската шминкерка и интернет ѕвезда Ники де Џегер (27) позната под јутјуб името NikkieTutorials, е една од евровизиските водителки.

Таа доаѓа од Холандија, а минатата година јавно признала дека е трансродова личност.

Ники веќе 11 години води канал посветен на шминкањето, а со светот поделила тајна дека е уценувана и дека ќе ја откријат нејзината тајна, па затоа сама го сторила тоа.

– Решив да преземам контрола над ситуацијата и сама да го објавам тоа. Тоа е нешто што отсекогаш сакав да го споделам со вас, но кога ќе бидам спремна. Личностите кои ме уценуваа ми го одзедоа тоа, рекла тогаш Ники.