(Фото) Неверојатно откритие во Kaнада: 100-тици попишани во далечната 1911 како Македонци кои говорат македонски јазик

Mногу важно откритие во Канада за Македонија кое ги демантира Бугарите и Грците кои го негираат постоењето на Македонци и македонски јазик и покрај големиот број докази за нашиот историски континуитет како народ.

Во Канада е пронајдена архива од попис одржан во 1911 година на кој 100-тици жители се попишани како Македонци кои говорат македонски јазик.

Веста ја сподели македонскиот новинар од Канада Васил Јанков, а откритието го направи претседателот на Организацијата Обединети Македонци од Торонто, Драги Стојковски.

Погледнете за што станува збор.

-Големо откритие!!

За оние заблудени души кои „тврдат“ дека Македонците и македонскиот јазик се творештво на Тито:

Попис на Канада за 1911 година. Прашање за расно или племенско потекло-македонски (813) Националност- Македонец (813) Јазик што обично се зборува-македонски (582)

33 години пред создавањето на Република Македонија. (Во 1911 година, Тито имал 19 години)

Му благодариме на Драги Стојковски за откривањето на овој историски документ, информацијата за канадскиот попис за Македонците во 1911 година.

Денес ќе објавам за 813 „залутани“ Македонци кои биле попишани во канадскиот попис од 1911 година. Значи, се зборува за 813 Македонци, кои 33 години пред Тито да ги „измисли“ на 2 август 1944 година, на прашањето „Држава или место на раѓање“ (во оригинал – Country or place of birth), одговориле – Македонија (во оригинал – Macedonia).

На прашањето „Расно или племенско потекло“ (во оригинал – Racial or tribal origin), сите 813 Македонци одговориле – македонско (во оригинал – Macedonian). На прашањето „Националност“ (во оригинал – Nationality), сите 813 Македонци одговориле – македонско (во оригинал – Macedonian). Кај некои поединци за последниов одговор има отпосле направено интервенција, или од самиот попишувач, или пак од контролорот. Интервенцијата се состои во тоа што преку одговорот има прецртано линија, додека одозгора е допишано „турско“ (во оригинал – Turkish). И покрај оваа интервенција, сепак, зборот „македонско“ (во оригинал – Macedonian) лесно се гледа.

На крајот на образецот има прашање за јазикот кој вообичаено попишаниот го зборува (во оригинал – Language commonly spoken). Бидејќи тука има различности, еве ги сите одговори: 582 одговориле дека зборуваат македонски, што значи 71.59% (некаде е целата придавка, некаде само буквата „М“, некаде „Мак“, додека некаде има и само наводници како потврда дека е исто како и претходниот одговор; слично е и со другите јазици); 88–мина одговориле дека зборуваат бугарски, т.е. 10.82%; 44–мина одговориле дека зборуваат грчки, т.е. 5.41%; 29-мина зборувале македонски и грчки, т.е. 3.32%; 18-мина одговориле дека зборуваат словачки (или се мислело словенски/славјански?; (во оригинал – Slovak), т.е. 2.21%; 14-мина одговорот е „не се знае“ или „не знае“ (во оригинал – Don’t Know), т.е. 1.72%; 9-мина одговориле дека зборуваат турски (во оригинал – Turkish), т.е. 1.10%; ; 6-мина одговориле дека зборуваат англиски (во оригинал – English), т.е. 0.73; и за други 6-мина не е разбирливо напишаното, т.е. 0.73%.

Кратко објаснување за пописот од 1911 година: пописните обрасци биле пополнувани рачно од попишувачи кои ги посетувале сите живеалишта; еден образец има по 50 попишани поединци; сите 813 Македонци се попишани на 67 обрасци низ целата држава, но најповеќето живееле во Торонто и по населбите покрај каналот и железничка пруга во јужно Онтарио, каде и работеле; на два обрасци сите попишани се Македонци; ова се објаснува со фактот што Македонците (главно биле мажи, печалбари) изнајмувале куќи каде за поевтино живееле поголем број од нив ; сите додатни интервенции на пописните обрасци се правени без знаење на попишаните.
Кој сака да ги види или купи оригиналите, ќе треба да се претплати на www.ancestry.ca и да истражува помеѓу 13-те милиони жители на Канада во тоа време. Уживајте во истражувањето!

Во оваа прилика Ви го претставувам едниот од двата пописни обрасци каде сите попишани изјавиле дека се од Македонија и дека се Македонци. Иако добро се гледа на екранот од претплатникот, кога се копира, сликата е замаглена. Е тоа се вика капитализам…прво плати па клати.

До следната објава.

Целиот статус погледнете го тука.