Баба Велика од Говрлево низ солзи: И по три дена не јадам ништо, душата ми е жедна за вода

Минатото и сегашноста си поигруваат со Велика Спасовска,оваа 83 годишна жена од с.Говрлево, скопско е заборавена од најблиските и роднини и пријатели и е препуштена сама на себе.

А таа е толку желна за друштво за разговор, во овие години на баба Велика и треба баш некој за да ја праша како е и дали и треба нешто, но тоа го нема баба Велика, а за своите ма ки раскажуваа оваа напатена бабичка во емисијата ,,Срце на дланка”.

Таа живее во мала собичка од 10 квадратни во селот Говрлево, родена е во семејство до шест сестри и двајца браќа, но уште од најмали години таа пати и животот не ја милува.

– Јас сум родена 1938 година, година пред да се родам јас по чинува сестра ми, по мојта раѓање пак брат ми, две години подоцна другиот брат. Јас на 25 години се мажам, јас имав две деца синот Љупчо и ќерката Аница.

Таа немала лесен живот, имала не добра свекрвта и била приморана да се исели од куќата

– Поради свекрвта која не се трпеше и немаше простор за соживот, јас и споругот со детето бевме приморани да се иселиме. Почнавме се од нула и во тешки услови заминавме за Припор, таму живеевме 30 години.

Најголема бол ка во животот ќе и биде кога нејзината ќерка ќе посегне по својот живот, а потоа и цело семејство и се рас паѓа

– Ќерка ми неможеше да издржи при тсоците, што и љубомореа многу,и заврши како заврши, втор уд ар во животот кој ме промени е синот.

-Тој беше припадник на полицаец и случајни пов реди негов колега, а поради тоа тие го ставија зад решетки, таму беше 3 месеци, потоа го избркаа од работа а после овие случувања тој губи контрола вели низ солзи баба Велика.

-Сите проблеми се одрзадуваат на здравјето на нас, најмногу го засега сопругот кој доби склероза, пред 5 години замина во шумата и не се врати.

-После некое време го пронајдоа смр знат, тој барал помош викал, бидејќи незнаел да се врати, но како што велам многу душ мани има, несакале да му помогнат.

– Три ипол години сум без шпроет, имам едно ама тоа не би го нарекла шпорет, кога го запа лм дими. Имам некој дрва но неможам да си ги исцепам, често сум премрзната.

– Додека беше сопругот колку толку се крпеше животот. Но сега немам јадење, од глад ќе испуштам душа.

-10 години сум без струја, а уредно плаќам, дедото бидејќи беше склерозен го фр лил струјомерот и незнам како е и така остана. Ми се има случено 3 дена да не јадам, често јадам сув леб.

– Имав кокошки но ми ги от руја, одам на зелениот пазар таму ми даваат нешто ме сожалуваат.

– Комшијата Игор, да му се позлатат раците, тој ми помага колку толку, донаса леб ми дава книга за да зап алам огин, немам ни како да се искапам, само се бришам со влажни марамичиња колку толку, навистина е тешко.

– И да живеам уште еден месец ама барем тој месец да живеам како човек, да можам да се искапм, да се најадам и да не ми е жедна душата за вода.

Доколку саката на било кој начин да и помогнмете на баба Велика, тоа може да го сторите на 075-304-405

Текст на Кластер.мк