Connect with us

Инфо +

Руски специјалци стигнаа во Србија – почнуваат со антитерористички вежби „Заеднички одговор 2021“ (Видео)

Published

on

Балкан

Опозицијата на протест во Тирана против „луксузот и корупцијата“ на владата на Рама

Published

on

Илјадници граѓани се собраа вечерва на протест во Тирана, одговарајќи на повикот на албанската опозиција за изразување незадоволство од „луксузот и корупцијата“ на Владата на Еди Рама, која ја нарекоа „единствената нарко-држава во Европа“.

Меѓу симболите на протестот се најде транспарент со фотографии на американскиот претседател Доналд Трамп и лидерот на Демократската партија, Сали Бериша. Во меѓувреме, Илир Мета, лидерот на Партијата на слободата, се обрати до демонстрантите преку аудиопорака од затвор, обвинувајќи го Рама дека 12 години ја води земјата со празни ветувања и манипулации.

Тензиите ескалираа кога Бериша излезе на говорницата – тогаш од толпата беа фрлени пиротехнички средства, при што тројца полицајци се здобија со повреди. Во својот говор, тој ја обвини власта за репресија и најави изборна победа на 11 мај, споредувајќи ја борбата на неговата партија со рушењето на комунистичкиот режим. Тој, исто така, откри дека вечерва патува за Рим, каде што ќе се сретне со албанската дијаспора.

Протестот не остана фокусиран само на домашните прашања – многумина носеа транспаренти со критики кон Џорџ Сорос и Еди Рама, поврзувајќи ја ситуацијата во Албанија со меѓународните политички текови. Поддржувачите на Бериша го поврзаа враќањето на Трамп на политичката сцена со можноста за враќање на Бериша, тврдејќи дека двајцата биле жртви на политички прогон од обвинители финансирани од Сорос.

За безбедноста на протестот беа мобилизирани повеќе од 1300 полициски службеници од различни сектори.

Continue Reading

Инфо +

ЌЕ СЕ БАРА АЛБАНИЈА ПОВЕЌЕ ДА ИНВЕСТИРА ВО МАЛА ПРЕСПА Македонците во Албанија слушнаа како Македонија ќе се грижи за нив во иднина

Published

on

Дел од барањата содржани во стратегијата се и „формирање на Совет за поддршка на македонското малцинство како тело во рамките на Владата на Македонија кое ќе ги координира активностите за заштита и унапредување на правата на Македонците во Албанија и создавање на Фонд за поддршка на македонските здруженија во Албанија – финансиска поддршка за организации кои работат на зачувување на македонскиот идентитет, култура и јазик.

Активни мерки како и соработка со албанската Влада за подобрување на состојбата и зачувување на идентитетот на македонското малцинство во Албанија, најави заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски на денешната средба во Корча организирана од партијата на Македонците во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

-Знаете, основа е економската ситуација. Ако нашинците, Македонците во Албанија имаат добра економска ситуација нема да земаат бугарски пасоши и да се иселуваат надвор. Ние мораме да работиме и со албанската Влада, што е многу важно, да инвестира во овој регион. Инфраструктурно, во проекти за вработување, да се градат погони – рече Димитровски.

Љуфтим Спахиу, вршител на должност македонски амбасадор во Албанија, на средбата во Корча порача дека ако, до вчера говоревме дека основните човеков права, треба да важат и за „нашинците“ во другите региони а не само во регионот на Мала Преспа, денес говориме дека нашинците се соочуваат со притисоци и закани од една многу агресивна политика, а тоа е политика за асимилација.

-За оваа агресивна политика, Амбасадата во Тирана во минатото, секојдневно известуваше и предлагаше мерки за натамошно делување, со цел спречување на активностите на бугарските емисари. Одржани се средби со албанските институции, од Министерството за Европа и надворешни работи (МЕНР), Институтот за статистика (ИНСТАТ), МВР….и во соработка со МАЕИ и лидерот Васил Стерјовски, се издејствува апсење и притворање на неколку општински службеници во Албанија – рече Спахиу.

Според него, преку 400 страници материјали се доставени до македонските институциите, остварени се десетици состаноци со албанските институции, десетици медиумски реакции на МАЕИ, но сето тоа, како што рече, не вродило со посакуваниот резултат.

-Апсењето на општинските службеници е без епилог, резултатите на пописот се разочарувачки, а иднината на нашинците е непредвидлива. Како македонско – дипломатско претставништво, во текот на месец февруари, планираме да ги повториме иницијативите за отворање на Генерален конзулат во Корча и заокружување на барањата за државјанства на припадниците на македонското национално малцинство од Албанија – најави Спахиу.

На средбата на која присуствуваа претставници на македонските парламентарни партии, како претставник од владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Корча беше пратеничката Лидија Петровска.

-Горда сум што од другата страна на границата имаме луѓе што достоинствено и гордо се борат за зачувување на сопствениот национален идентитет, за македонскиот јазик, македонската култура и македонската традиција. Ние како држава ќе сториме се за да бидеме нивна поддршка на патот кон зачувување на своето достоинство – вели Петровска.

На средбата во Корча присуствуваше и потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски, кој кажа дека кога партијата беше на власт силно ги поддржуваше Македонците во соседна Албанија, но и сега во опозиција им даваат поддршка, бидејќи грижата за нашинците во дијаспората е основа за негување на македонското културно и историско наследство, јазик и идентитет.

– Со поддршка успеавме македонскиот јазик да се воведе на неколку универзитети во Албанија, се обезбедија учебници на македонски јазик и за прв пат успеавме да вратиме 20 украдени икони од македонските цркви. Реагиравме и за пописот во Албанија, кој за жал не ја отсликува соодветно реалната бројка на етнички Македонци во земјата. И како опозиција СДСМ силно ги поддржува и ќе продолжи да работи и да делува во нивни интерес и да се спротивставуваме на какви било обиди за асимилација – рече Илиевски.

Лидерот на Левица Димитар Апасиев во изјава за медиумите, пак, изјави дека македонскиот Парламент е вистинското место за вакви средби и разговори.

-Наместо да се собираме вака по хотели, тоа да биде македонскиот Парламент каде што претставници од сите македонски партии ќе бидат вклучени. Но, имаме идеја да ги вклучиме и претставниците на албанското малцинство во Македонија – вели Апасиев.

Предлог-стратегија за заштита на македонското национално малцинство во Албанија, беше презентирана на денешната средба во Корча, организирана од македонската партија, МАЕИ, со претставници на македонските парламентарни партии, која, како што сe наведува, има за цел да дефинира долгорочни мерки и активности за поддршка на македонското национално малцинство во Албанија преку институционални, дипломатски, културни и економски механизми.

-Македонското национално малцинство во Албанија е составен дел од македонскиот народ, со трајни историски, културни и духовни врски со својата матична држава. Зајакнувањето на неговата положба, правата и културниот развој е од стратешко значење за Македонија, со оглед на нејзините обврски како матична држава и согласно меѓународните универзални стандарди за заштита на националните малцинства – рече партискиот лидер Васил Стерјовски, при презентацијата на стратегијата и барањето поддршка за неа.

Дел од барањата содржани во стратегијата се и „формирање на Совет за поддршка на македонското малцинство како тело во рамките на Владата на Македонија кое ќе ги координира активностите за заштита и унапредување на правата на Македонците во Албанија и создавање на Фонд за поддршка на македонските здруженија во Албанија – финансиска поддршка за организации кои работат на зачувување на македонскиот идентитет, култура и јазик.

Се оценува меѓу другото дека оваа предлог-стратегија треба да послужи како основа за изработка на долгорочен план, кој ќе вклучува годишни програми за заштита и унапредување на правата на македонското национално малцинство во Албанија.

-Нејзината реализација треба да започне со усвојување на обврзувачка декларација во Собранието на Република Македонија, по можност поддржана од сите политички партии. Доколку не се преземат итни и одлучни мерки, процесот на асимилација на Македонците во Албанија ќе продолжи со истата жестина како досега. Дополнително, бугаризацијата, која во последниот период се засили, ќе добие уште поголем замав, загрозувајќи го идентитетот и опстојувањето на македонската заедница во Албанија, се констатира во стратегијата.

Стратегијата, како што информираат од МАЕИ, на денешната средба во Корча ја поддржале сите претставници на парламентарните политички партии, ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ЗНАМ, Демократски сојуз и Левица. На средбата присуствуваа Лилјана Затуроска и Лидија Петковска од ВМРО ДПМНЕ, Методија Илиевски од СДСМ, Катерина Тодоровска од ЗНАМ, Димитар Апасиев од Левица, Зоран Димитровски и Зоран Петров од Демократскиот сојуз и Љуфтим Спахиу, вршител на должност македонски амбасадор во Албанија.

Од страна на МАЕИ присутни беа претставници од областите на Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник, како и од градовите Корча, Подградец, Елбасан и Тирана. 

Continue Reading

Македонија

СТУДЕНО СО МАГЛА Снег од следната седмица

Published

on

Утре ќе биде студено со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени.

Во Скопје наутро ќе има услови за појава на магла, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Времето во следните денови ќе биде стабилно и суво, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Кон средината на следната седмица се очекуваат локални врнежи претежно од снег.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк