Заев: Или сме од мајмуните или сме од Адам и Ева!?

-Разговаравме за тоа Бојко Борисов, разговаравме со него за тоа. Знаете, јас сум православен христијанин и тој е православен христијанин. Многу е едноставно за сфаќање, пошто он праша какво вие е сфаќањето со корењата. Е вака сфаќаме, по науката сите сме од мајмуните, по религијата сите сме од Адам и Ева. И, како тоа сега Македонците во целиот свет се од Бугарите, или Бугарите од Македонците. Не ли сме или од мајмуните или од Адам и Ева. Има историско образовна комисија, треба да ги разработи сите можни аспекти, вели Заев утрово на гостувањето во Слободен Печат.