Connect with us

Инфо +

Ќе има протести за албанската кауза и национално обединување, Уставот повторно проблем!

Published

on

Досега непозната организација на македонски Албанци најавува дека во месеците мај и јуни ќе се случат протести и активности поврзани со албанската национална кауза.

Според најавата на протестите ќе се бара промена на преамбулата на македонскиот највисок правен акт кој според организаторите бил извор на дискриминација на македонските Албанци.

„Во мај и јуни годинава ќе бидат одржани протести и ќе бидат реализирани некои други активности поради националната кауза“ – објавува весникот на албански јазик „Лајм“.

Според „Програмата на активности“ обиавена во текстот потпишан од Блерим Ахмеди наведен во име на „Организацискиот совет на протестите“ се истакнува дека причини за протестите ќе бидат:

„1.Српскиот геноцид во Косово и Босна, со изложба со фотографии од српскиот геноцид;

2.Политички монтирани случаи

3.Преамбулата на Уставот на Македонија – генератор на повреда на правата на Албанците… ..“.

Организаторот им упатува повик на Албанците „да се обединат во овие активности и да се оттргнат од партиските синџири, оти нацијата е над партиите“ – пишува весникот „Лајм“.

Во најавата не се наведени точни датуми на одржување на споменатите протести.

Македонија

Филмска потера: Додека се бркал со полицијата од „мерцедесот“ фрлил „калашников“ со вграден бајонет

Published

on

Поведена е истражна постапка од страна на Јавното обвнителство Гостивар против лице кое пред два дена учестувало во брканица со полицијата на магистралниот пат Маврово – Гостивар. Ова лице се товари за извршило кривично дело „Неовластено изработување, држење и тргување со оружје или експлозивни материи, согласно член 396 став 5 во врска со став 3 од Кривичниот законик“.

Како што соопштуваат од обвинителството се работи за 30-годишен гостиварец, кој на 6 ноември управувал автомобил „Мерцедес –А класа“ по магистралниот пат А2, во правец Маврово-Гостивар.

„Кај асфалтната база – каменолом „Јефута“ полициски службеници му дале знак да застане заради контрола и преглед на возилото. Но, тој не ја почитувал дадената наредба и со голема брзина се упатил кон Гостивар. Полицајците се впуштиле во потера и го следеле со службени возила и во близина на Здуњски мост забележале дека преку прозорот на автомобилот фрлил автоматска пушка. Осомничениот подоцна бил запрен и приведен, а била пронајдена и автоматската пушка со вграден бајонет, чие поседување за граѓаните е целосно забрането, како и рамка со два куршуми со калибар 7,62 милиметри“, се вели во соопштението.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка предложил на ова лице да му се определи мерка притвор зошто пости опасност осомничениот да се даде во бегство.

Continue Reading

Македонија

ЈПДП прави план за изградба на згради во Битола, Штип и Скопје, целта е регулација на цената на квадратот

Published

on

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски вели дека Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПДП) прави план за изградба на нови станбени згради во Битола, Штип и Скопје, со цел да се регулира цената на станбениот квадрат, бидејќи токму ова јавно претпријатие треба да е регулатор на цената на станбениот квадрат

Тој истакна дека последната комерцијална зграда од страна на ЈПДП во Битола е изградена пред 13 години, а во Штип какошто рече веројатно и никој не се сеќава кога.

-„Улогата на ова јавно претпријатие е да ја регулира цената на пазарот со цел градежниците да неможат да имаат екстремно високи цени, да имаат монополи и на тој начин да го цицаат народот. За Битола најавивме дека ќе одиме со цени кои ќе се за 30-40 проценти пониски од тоа што е пазар во моментот“, вели Николоски.

Тој најави дека работат и интензивно на проектот „Купи или изгради куќа за млади“, каде за купување или изградба на куќа за млади брачни двојки ќе има големи поволности, кои ќе покриваат и до 50 проценти од трошоците за изградба или за купување.

Continue Reading

Балкан

Српската опозиција в понеделник со протест пред Владата

Published

on

Парламентарните опозициски партии во Србија, ќе организираат в понеделник попладне протестен митинг пред зградата на Владата, соопшти Народното движење на Србија, јавија српските медиуми.

Како што се додава во соопштението, на средбата ќе бидат изнесени следните барања:

1. Оставка на премиерот Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад Милан Ѓуриќ

2. Објавување на сите тајни договори поврзани со реконструкција на Железничката станица во Нови Сад

3. Итно апсење на сите одговорни за убиството на 14 лица и ослободување на сите невини и незаконски приведени лица

4. Вонредна контрола на сите инфраструктурни проекти што се започнати или работени во изминатите 10 години.

По смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад, кога врз нив се урна бетонска настрешница, во вторникот беше организиран протест во тој град.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк