Connect with us

Инфо +

Лозово доби ПРОЅИРЕН КОЊ споменик (Видео)

Општина Лозово доби помалку чуден споменик, за кој никој не знае кое е неговото значење за оваа општина.

Погледнете видео:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3906029199446873&id=100001194951990

Се моли “Локалниот Шериф” да престане да не резили пред светот!

Јавно го прашувам Велковски,дали знае дека:

1.Со подигање на меморијални споменици и спомен- обележја се одбележуваат значајни настани и истакнати личности од историјата и културата на граѓаните на Република Македонија, на Македонскиот
народ како и граѓаните што живеат во нејзините граници, кои се дел од албанскиот народ, турскиот народ, влашкиот народ, српскиот народ, ромскиот народ, бошњачкиот народ и другите, како и
историјата и културата воопшто, кои се од исклучително значење за општествениот развој на Република Македонија, со што се
придонесува за остварување и унапредување на слободите и правата
на граѓаните, како и за афирмацијата, примената и почитувањето на начелата на хуманизмот и општоцивилизациските вредности.

2.Меморијални споменици, претставуваат поединечни или група објекти и монументални дела од архитектурата,
скулптурата, сликарството и применетата уметност со историски и
уметнички содржини и вредности што се подигаат за трајно зачувување на споменот на настаните и личностите наведени погоре, а кои се од исклучително значење за Република
Македонија..

3.Настаните и личностите што се одбележуваат со меморијален
споменик треба да се од исклучително значење за развојот на
државноста на Република Македонија и за нејзиниот државно-правен континуитет и да се вградени во историскиот развој на
земјата…

4.Спомен- обележја, може да бидат: бисти, скулптури,
плочи, чешми, фонтани и други уметнички и архитектонски дела и
творби што со своите содржини и ознаки одбележуваат настани и
личности или од народната традиција, кои се од локално значење..

Тогаш како овој таканаречен “СПОМЕНИК” има било каква поврзаност со се ова што го имам наведено погоре?!
Што симболизира?! Шерифување?!
И како ќе го наречете? “КОЊОТ НА ШЕРИФОТ”?!
Дали целта е олеснување на касата на Општина Лозово за одредена сума?
Престанете да не резилите пред светот!!!
Обезбедете квалитетни јавни услуги за сите граѓани, регионални и локални патишта, здрава вода за пиење, канализации, навремено собирање и депонирање на отпад, отстранување на дивите депонии, заштита на животната средина и сл.. Тоа е она што треба да го прави еден ГРАДОНАЧАЛНИК!!
Но на тоа требаше да мислите во изминатиот период, граѓаните на општина Лозово гледаат и ќе ве Казнат на претстојните Локални ИЗБОРИ!!

п. с. Уште малку остана, а потоа:ОДГОВОРНОСТ!! -пишува граѓанинот на Фејсбук.

Балкан

Проектот FishNoWaste: Рибарите во Јадранот ќе собираат и рециклираат пластичен отпад

Рибарите долж Јадранското Море секојдневно извлекуваат големи количини пластичен отпад, но проблемот со морската пластика останува нерешен поради недоволна инфраструктура за собирање и предавање. Истражувањата покажуваат дека Јадранот има повеќе плутачки отпад од остатокот на Медитеранот, при што над 80% од него е пластика.

За справување со оваа криза, здружението Sunce, во соработка со организации од Хрватска и Италија, го спроведува проектот FishNoWaste. Проектот има за цел да собере податоци за видот и количините на отпадот што се појавува при риболов и да развие модел за заедничко управување со отпадот, со можност за повторна употреба и рециклирање.

„Законот ги обврзува рибарите да го предадат отпадот што пасивно го уловиле, но често нема каде да го остават“, истакнува Дора Чакушиќ, асистентка во Одделот за комуникации и застапување. Таа додава дека постојните системи за прием на отпад на копно се неефикасни и недоволно развиени, па трудот на рибарите често останува без посакуван резултат.

При влечење на мрежите, рибарите извлекуваат отпад од морското дно, а дополнителен отпад се создава и за време на риболовните активности, како кинење на мрежи, губење конопи, бови и други пластични елементи. Особено проблематични се „ghost nets“ – изгубени мрежи кои продолжуваат да фаќаат морски живот.

Проектот FishNoWaste вклучува научен мониторинг на отпадот и пилот-имплементација на модел за заедничко управување во избрани пристаништа, со активно вклучување на рибарите при собирање, сортирање и предавање отпад. Sunce спроведува и едукативни програми за рибарите, училиштата и локалните заедници, промовирајќи принципи на кружна економија и свест за влијанието на морскиот отпад врз екосистемот, здравјето и економијата.

Очекувањата се дека проектот ќе доведе до значително подобрување на системот за управување со риболовен отпад, развој на заеднички стратегии и зголемување на количествата отпад што се собира, сортира и рециклира, со долгорочен ефект врз зачувувањето на Јадранското Море.

Continue Reading

Балкан

Патување кон Грција: Дојран единствениот сигурен премин

Многумина го користат продолжениот викенд за патување во Грција, но се соочуваат со проблеми на граничните премини. Најголемиот премин кај Гевгелија е затворен поради штрајк на грчките земјоделци и неговото отворање е непредвидливо – понекогаш отворен кога патниците тргнуваат, а затворен кога стигнат.

Засега, единствениот премин кон Грција кој постојано е отворен е Дојран. Преминот Меџитлија е затворен за товарни возила и автобуси од 12:00 часот, а преминот Богородица е во прекин од 11:00 часот.

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на преминот Табановце кон Србија времето на чекање е околу 40 минути. Возачите се советуваат да ги следат најновите информации и да го планираат патувањето однапред за да избегнат непотребни застои.

Continue Reading

Свет

Трамп најави шокантен потег: Може целосно да се повлече од преговорите за Украина!

Американскиот претседател Доналд Трамп може да се повлече од мировните преговори за Украина поради обвинувања за корупција против блиски сојузници на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави неговиот син, Доналд Трамп помладиот.

На форум во Доха, Трамп помладиот рече дека Украина е „многу покорумпирана од Русија“ и го нарече Зеленски „еден од најголемите маркетери на сите времиња“. На прашањето дали неговиот татко ќе се повлече, тој одговори: „Мислам дека можеби ќе се повлече“.

Ова следува по тридневен состанок во Мајами меѓу претставници на Киев и Вашингтон, кој официјално беше оценет како продуктивен, но без конкретни решенија за клучните прашања околу безбедносните гаранции и територијалните спорови.

Сега светот внимателно ги следи следните потези на Трамп, кои може драстично да ја променат динамиката на мировните преговори.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг