Connect with us

Инфо +

Промената на полот во Македонија станува легална

Published

on

Менувањето на полот во личните документи станува легално во Македонија. Промените ќе бидат запишани во Изводот на родени на државјанинот кој се одлучил за вакво нешто и при тоа нема да биде ставена никаква забелешка во документот дека е сменет полот. Ова го предвидуваат  измените на Законот за матична евиденција кои веќе Владата ги доставила во парламентот.

Се работи за постапка за признавање на т.н. родов индентитет кој законот го дефинира како лично доживување и е различно од полот со кој е родено лицето

Член 19-a гласи: Секој граѓанин на Република Северна Македонија кој има наполнето 18 години, кој е деловно способен и кој не е во брак има право на правно признавање на родот во постапка уредена со овој закон.

Кон барањето се поднесува и нотарска изјава  во која стои дека родовиот идентитет не е во согласност со полот назначен во матичната евиденција во моментот на раѓање и промената на ознаката за пол не ја прави заради одбегнување на договорна или законска обврска, како и извршување на казна изречена од надлежен суд“ пишува во законските измени.

Управата секоја година изготвува извештај за поднесените барања за промена на полот и колку од нив се прифатени, а колку одбиени.До сега 6 граѓани во државата го промениле полот во личните документи но за тоа чекале од 2 ипол до 10 години. За едни Управата го уважила барањето, за други го одбила во трет случај се прогласила за не надлежна велат од „Коалиција Маргини“. Сметаат дека со усвојувањето на овој закон ќе се унапреди правата на овие лица кои до сега живееле изолирано.

Бошкова вели дека станува збоз за сериозен напредок во однос на регулативата бидејќи Македонија е малкуте земји во Совет на Европа  кои го немаат регулирано ова прашање.

Законот е поднесен со европско знаменце, а следи откако во Европскиот суд за човекови права во јануари 2019 година тужба поднесе македонски државјанин на кого не му бил признат родовиот идентитет. Тогаш судот во Стразбург донесе пресуда дека државата сторила повреда на личните права на жалитетот бидејки нема регулаторна рамка која обезбедува право на почитување на приватниот живот.

Прилог на Сител тв

Балкан

Посилен земјотрес ја погоди Грција

Published

on

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција околу 17:30 часот.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 2 километри, на 33 километри северозападно од Патра.

Граѓаните велат дека земјотресот траел многу долго и бил почувствуван многу силно.

Засега нема информации за материјална штета.

Continue Reading

Македонија

Поранешен градоначалник на Благоевград издал 246 лажни адреси на Македонци

Published

on

Поранешниот градоначалник на село Рилци , Благоевградско – Живко Чукарски , ја призна вината и склучи спогодба со Окружното обвинителство во Благоевград за сторено документирано кривично дело поврзано со незаконско регистрирање на државјани од Република Северна Македонија.

Истрагата утврди дека Чукарски изготвил и потпишал 246 потврди за постојана адреса на живеење за македонски државјани , без тие всушност да бидат присутни во селото или да ги достават потребните документи за регистрација на адресата.

Во периодот 2016-2019 година, во селото Рилци биле регистрирани над 4.000 македонски државјани . Според истрагата, дел од регистрациите на адреси се вршени на непостоечки адреси, па дури и на празни полиња без достапни згради.

Иако голем дел од фиктивно пријавените македонски државјани веќе се одјавени од селото Рилци , проблемот со лажните адреси во регионот продолжува. Во соседното село Бело Поле се уште има повеќе од 10.000 македонски граѓани , кои мештаните никогаш не ги виделе.

Continue Reading

Македонија

Македонски лекари херои: Спасуваа животи по нападот во Германија

Published

on

„Горди со Д-р Златко Станковски и Д-р Владимир Митевски“ – вака гласи известувањето од македонската амбасада во Германија по несебичната помош што овие двајца македонски доктори го направија за да им помогнат на повредените по синоќешниот напад во германскиот град Магдебург, кога Саудиец со автомобил влета во толпа луѓе кои присуствуваа на новогодишен пазар.

„Златко е од Прилеп, а Владимир од Радовиш. Тие работат како специјалисти за интерна медицина и интензивна нега во болницата во Магдебург. Синоќа го дадоа својот придонес во спасувањето и лекувањето на погодените од трагедијата во Магдебург. Горди со нашата дијаспора“ – велат од македонската Амбасада во Германија.

Најмалку пет лица загинаа вклучувајќи и дете во вчерашниот напад на божиќниот пазар во Магдебург, Германија.

Според градските власти повредени се околу 200 лица.

Лицето кое влета со автомобил на саемот во толпа луѓе е приведено.

Гувернерот на покраината истакна дека осомничениот е доктор од Саудиска Арабија кој живее во Германија од 2006 година.

Извор: 24инфо.мк

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк