Видео кое го натажи светот: Дете плива со пластични шишиња од Мароко до Шпанија

Снимката од дете мигрант, кое плива на пластични шишиња и плаче го потресе светот. 

Детето се бореше да не потоне обидувајќи се од Мароко да стигне до Шпанија. На видеото се гледа како детето со последните сили се обидува да стигне до брегот. Шишињата му се закачени околу телото за да не потоне.  

Откако стигна на брегот, веднаш се стрчува кон високиот камен ѕид и се обидува да се искачи. Но, двајца војници го фаќаат и го носат во непознат правец.

Деновиве илјадници мигранти од Мароко се обидуваат да стигнат во Шпанија. Полицијата и војската ги враќаше назад. Оклопни возила имаше на плажите во Шпанија – пренесе Индепендент.