Connect with us

Инфо +

Учениците ќе развиваат идентитет на „граѓани на Република Северна Македонија“

Published

on

Министерството за образование и наука ги усвои настваните програми за прво и четврото одделение според новата концепција. Наставните програми веќе се објавени на сајтот на Бирото за образование и наука.

И предметот кој предизвика најголеми несогласувања во јавноста, сега наречен „Историја и општеството“ ја доби новата наставна програма за четврто одделение. Наставната програма има три теми кои ќе ги обработуваат учениците:- Advertisements -javascript:”;

-Моето опкружување
-Средината во која живеам
-Мојата држава

Една од работите кои ученикот треба да ја разбере и прифати е дека:

Националниот идентитет, кој произлегува од припадноста на државата Република Северна Македонија, е битна компонента на идентитетот на сите граѓани на државата.“, како и дека:

„Секој има право да избере која религија ќе ја смета за своја, односно да избере да не припаѓа на ниту една религија/вера, без да има последици од направениот избор.

Кога ќе се стигне до темата „Мојата држава“, според програмата, учениците треба да развиваат идентитет на „граѓанин на Република Северна Македонија“.

Предвидени резултати од учењето на оваа тема се:

Ученикот/ученичката ќе биде способен/способна да:
1. ги наведува и опишува важните настани од минатото кои се значајни за создавањето на современата македонска држава,
2. го идентификува Скопје како главен град и ги опишува неговите карактеристики,
3. прави разлика меѓу најзначајните државни институции,
4. го објаснува мултикултурниот/мултиетничкиот и граѓанскиот карактер на државата.

Ученикот/ученичката ќе развива:
5. почитување за различните етнички заедници кои живеат во Република Северна Македонија,
6. идентитет на граѓанин на Република Северна Македонија.

Според ваквата поставеност произлегува дека националниот идентитет на луѓето кои живеат во Македонија е „граѓани на Република Северна Македонија“, а не Македонци (како национална припадност, не етничка). Македонците се сведуваат на етничка заедница.

Пишува Фокус

Балкан

Мелник под опсада на бугарската полиција пред утрешниот семакедонски собор за Сандански

Published

on

Бугарските медиуми, но и македонски активисти од Бугарија, известуваат дека Мелник е под опсада на полицијата во пресрет на најавениот за утре семакедонски собор по повод 110-годишнината од загинувањето на револуционерот Јане Сандански.

„Полицијата го окупира Мелник заради најавениот за недела собор-поклонение по повод 110 години од смртта на Јане Сандански. Неколку македонистички организации го именуваа претстојниот настан како ‘семакедонски собор’. Се очекува на покана на ОМО ‘Илинден’-ПИРИН да пристигнат и многу гости, вклучувајќи и политичари од РСМ. Според програмата, прво ќе се положат венци на гробот на Јане кај Роженскиот манастир, а потоа кај неговиот споменик во Мелник ќе има песни и танци.

На социјалните мрежи, пак, се организираат нашинци за исто така да пристигнат во Мелник. За да не дојде до судири, какви што имаше пред повеќе од 20 години, полицијата е на нозе“, пишува бугарскиот весник „24 часа“.

„Гробот на Сандански и градот Мелник сардисани од сите страни од бугарски аскер поради соборот“, објави на Фејсбук претседателот на Градскиот комитет и еден од основачите на ОМО „Илинден“, Атанас Кирјаков-Војводата, во друга објава додавајќи дека се прават проверки на документи на луѓе и на возила.

Continue Reading

Свет

Чернобил: На денешен ден пред точно 39 години, светот беше потресен од најголемата нуклеарна несреќа во историјата

Published

on

Чернобил, 39 години подоцна: Сеќавање на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата

На денешен ден пред точно 39 години, светот беше потресен од најголемата нуклеарна несреќа во историјата – експлозијата на четвртиот реактор во нуклеарната електрана во Чернобил, Украина. Несреќата се случи за време на тестирање на способноста на парната турбина да напојува пумпи за вода во случај на прекин на струја и губење на течноста за ладење.

Иако градот Припјат, кој се наоѓаше во близина на електраната, беше евакуиран следниот ден, властите не го информираа населението на Киев, каде што живееја околу два милиона луѓе. Светската јавност за инцидентот дозна дури откако во Шведска беше регистрирано зголемено ниво на радијација.

Несреќата започна со ненадеен пад на моќноста на реакторот, по што операторите го рестартираа реакторот и го продолжија тестот со недозволена конфигурација на контролните прачки. Ова доведе до сериозни електрични удари и дефект на клучни компоненти, што резултираше со експлозии и губење на системот за ладење.

Следеше пожар во јадрото на реакторот што траеше до 4 мај 1986 година, додека радиоактивните честички се ширеа низ Советскиот Сојуз и пошироко низ Европа. СЗО проценува дека околу 30.000 луѓе го загубиле животот поради директни и индиректни последици од катастрофата, додека над седум милиони биле изложени на радијација.

Првата жртва беше Валериј Кодемчук, техничар задолжен за водените пумпи во електраната. Во напорите за санација учествуваа околу 680.000 луѓе – војници, инженери, доброволци и новинари. Од 14 новинари кои известуваа од теренот, осум починаа како последица на изложеност на висока радијација.

Се проценува дека во експлозијата биле ослободени 400 пати повеќе радиоактивни материи отколку при атомската бомба фрлена врз Хирошима во 1945 година. Радиоактивниот облак достигна до северна и западна Европа, па дури и источниот брег на САД.

Градот Припјат, населен претежно со вработени од електраната и нивните семејства, беше целосно евакуиран. Според експертите, ќе бидат потребни повеќе од 3.000 години за овој град повторно да биде безбеден за живеење.

Continue Reading

Свет

Макрон: Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот

Published

on

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека имал „многу позитивен“ разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски, дека Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот и дека таканаречената „Коалиција на волните“ под Франција и Велика Британија ќе продолжи да работи на постигнување на траен мир.

„Украина е подготвена за безусловен прекин на огнот. Претседателот Зеленски ми го повтори ова денеска. Тој сака да соработува со Американците и Европејците за неговото спроведување. Сега останува на претседателот Путин да докаже дека навистина сака мир. Ќе продолжиме со нашата работа во рамките на Коалицијата на волните создаден во март во Париз, со цел да се постигне и прекин на огнот и целосен и траен мир во Украина“, напиша Макрон.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк