Даниловски: Ќе можеме слободно да се опуштиме кон крајот на јуни

„Можеме да се опуштиме само кога 14-дневниот просек на кумулативната инциденца ќе се спушти под 20. Тоа ќе значи дека епидемијата поминала“, изјави епидемиологот и д-р Драган Даниловски за ТВ Канал 5.

Според него, само тогаш можеме слободно да ги релаксираме мерките.

„Враќање на животот без маски би можело да се очекува уште во текот на летото. Тоа го очекувам крајот на јуни, а почетокот на јули. Значи ќе ни остане уште доволно време за да уживаме во летото“, посочува Даниловски.

Во однос на забавата во дворот на Музејот на Македонија во петокот вечерта, каде стотина гости без маски и дистанца се забавуваа на техно музика, во рамки на настан – изложба организирана од Музејот на современа уметност, Даниловски вели дека не очекува големо зголемување во бројот на заразени поради овој настан.