АПСЕЊЕ НА РАКОМЕТЕН ТРЕНИНГ: Специјалци упаднаа и го уапсија голманот (Видео)

Во тимот на Партизан пред три дена имало прекин на тренингот поради упадот на специјалните сили. Имено, за време на тренингот, младиот голман на Партизан, Војислав Ѓорѓевиќ бил уапсен под сомнение дека е член на една од поголемите криминални групи на Вељко Беливук, во јавноста познат како  Веља Невоља.

Настанот предизвикал шок кај неговите соиграчи, лицата кои биле присутни за време на тренингот, но и кај неговите пријатели и семејството.

19-годишниот голман важел за мирна личност и бил еден од надежите за неговиот клуб во иднина. Во наредните денови се очекува повеќе информации од безбедносните сили на Србија во врска со апсењето на младиот голман.

Освен голманот на Партизан, уапсени биле и други лица, дел од нив во текот на нивното бегство.

YouTube video player