Connect with us

Инфо +

Граѓаните кои немаат антитела од Синофарм треба да се вакцинираат со трета доза од друг производител

Published

on

Професорот на Медицинскиот факултет и поранешен министер за здравство, доктор Драган Даниловски за Слободен печат вели дека во случаите каде што граѓаните и по две дози од Синофарм вакцината не развиле имунитет, треба да се вакцинираат со трета доза, ама од друг производител.

Според него, најсоодветен производител за оваа намена е Фајзер, бидејќи имунолошкиот систем на постарите граѓани е исцрпен, а фајзеровата вакцина дава посилен стимул на имунитетот да реагира адекватно.

Европа

ОРБАН СПРЕМА ОФАНЗИВА: Нов закон ќе удри по странското влијание!

Published

on

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека сака да ја насочи Унгарија од позицијата на „бунтовник“ кон таборот на „победниците“, ставајќи ја во политички блок спротивен на, како што тој ја нарече, „либералната империја“. Оваа промена, според него, е возможна благодарение на поддршката од поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Борбата продолжува. Овојпат не сакаме само да опстоиме, туку да победиме“, изјави Орбан во својот годишен говор за состојбата на нацијата.

Алудирајќи на глобалните политички односи, Орбан ја спореди ситуацијата со библиската приказна за Давид и Голијат, при што истакна дека „братот на Давид“, кој е „прилично крупен човек“, пристигнал – јасна референца на Трамп.

Премиерот најави нов закон кој ќе биде насочен кон невладини организации за кои вели дека работат во служба на странски интереси. Тој исто така најави испраќање на пратеник во САД за да собере докази за наводно странско мешање во Унгарија.

Според Орбан, американската политика во изминатите години создала „огромен механизам“ за финансирање медиуми, судии и политички организации со цел да наметне либерални вредности низ Западот, вклучително и во Унгарија. Останува да се види како неговата влада ќе го имплементира овој нов политички курс и какви ќе бидат реакциите на меѓународната сцена.

Continue Reading

Европа

Политички земјотрес во Германија: АфД со рекорден успех, Шолц поразен!

Published

on

Според последните прелиминарни резултати од парламентарните избори во Германија, најмногу гласови освоија демохристијаните на Фридрих Мерц (ЦДУ/ЦСУ), кои добија 28,5% од поддршката и 197 места во Бундестагот, објави „Билд“.

Најголемото изненадување на изборите е десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на Алис Вајдел, која освои 20,5% од гласовите и дури 141 место – историски успех за оваа партија.

Социјалдемократите на Олаф Шолц доживеаја тежок пораз, освојувајќи само 16,5% од гласовите и 114 пратенички места. Зелените добија 11,9% и 83 места, додека Левицата освои 8,7% и 60 мандати.

Партијата Разум и правда (BSW) на Сара Вагенкнет едвај го помина цензусот со 5,0% и 34 пратенички места. Слободната демократска партија (ФДП) потона со само 4,5%, што значи дека нема да влезе во парламентот.

Политичкиот пејзаж на Германија е целосно променет – што ќе значи ова за иднината на земјата?

Continue Reading

Свет

Трамп за победата на конзервативците: Изгледа дека Германците се уморија од агендата без здрав разум

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп ја поздрави победата на конзервативците на вонредните парламентарни избори во Германија.

„Се чини дека конзервативната партија однесе голема и крајно очекувана победа на изборите. Слично како во САД, народот на Германија се умори од агендата без здрав разум, посебно за енергијата и имиграцијата, која преовладуваше многу години. Ова е голем ден за Германија и за Соединетите Американски Држави под водство на господинот со име Доналд Трамп. Честитки за сите – следуваат уште многу победи!!!“, порача Трамп преку својата социјална мрежа Трут сошал. 

Според првичните резултати на изборите со излезеност од 84 проценти убедливо води партијата ЦДУ на извесно новиот канцелар Фридрих Мерц во коалиција со ЦСУ, која освои 28,5 проценти од гласовите, пред крајнодесничарската АФД со 20 отсто, нејзин најдобар резултат досега.

СДП на досегашниот канцелар Олаф Шолц освои само 16,5 отсто гласови, што е најлош изборен биланс на партијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк