Почина Вилијам Шекспир, првиот маж на светот кој прими вакцина против Ковид-19

Британецот по име Вилијам Шекспир, кој беше првиот маж на светот кој прими вакцина против коронавирусот, почина на 81 година од болест неповрзана со Ковид-19, јавува Би-Би-Си.

Шекспир ја прими првата доза од Фајзер вакцината против Ковид-19 уште во декември минатата година.

Првата личност на светот која ја прими вакцината беше 91 годишната Британка Маргарет Кенан.

Неговата пријателка Џејн Инес рекла дека починал минатиот четврток и додала:

„Најдобар начин да му оддадете полест на Бил е да се вакцинирате“.

Шекспир пред пензионирањето работел за Ролс Ројс.