Connect with us

Инфо +

Пендаровски му подари дрес од Македонија за ЕП на папата Франциск (Фото)

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Ватикан имаше аудиенција кај папата Франциск. Како што објави шефот на државата на Фејсбук, потврдено е искреното пријателство и длабоките врски меѓу Светата Столица и Република Македонија.

– Добивме поддршка и благослов да продолжиме посветено да работиме за мир, среќа и благосостојба на сите наши граѓани. Врз темелите на бесмртното дело на Светите Кирил и Методиј, со заштитниците на Европа и понатаму ревносно да градиме заедничка просперитетна иднина, напиша Пендаровски по средбата со папата Франциски.Тој му заблагодарил на папата за историската посета на земјава, што претставува огромно признание за нас.На аудиенција кај папата Франциск, претседателот Пендаровски му подари дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име.

– Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното #EURO2021. Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство, наведува Пендаровски на ФБ

Свет

Молдавија во мрак: Руски напади врз Украина предизвикаа голем енергетски хаос

Молдавскиот оператор за пренос на електрична енергија „Молделектрика“ се соочува со сериозни потешкотии поради масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура, кои синоќа предизвикаа прекини и преоптоварување на системите во регионот.

Според соопштението на операторот, голема електрана била исклучена, а интерконекциите со Украина и Романија достигнале критични нивоа. Поради надминување на планираниот проток, Молдавија побара итна помош од Романија за стабилизирање на мрежата, објави „Ле Монд“.

Русија синоќа ги нападна регионите Чернихив, Запорожје, Лвов и Дњепропетровск, таргетирајќи клучни објекти од украинската енергетска мрежа. Украинското Министерство за енергетика соопшти дека повеќе области – меѓу кои Киев, Лвов, Одеса, Чернигов, Запорожје, Днепропетровск и Николаев – претрпеле прекини во снабдувањето со струја.

Руското Министерство за одбрана тврди дека мета биле компании од украинскиот воено-индустриски комплекс, инфраструктура која „го поддржува неговото функционирање“, како и пристанишни објекти што се користат „во интерес на вооружените сили на Украина“.

Continue Reading

Свет

Илон Маск жестоко по Брисел: „ЕУ треба да се укине – вратете им го суверенитетот на државите“

Американскиот милијардер Илон Маск повторно влезе во остар конфликт со Брисел, откако Европската комисија ја казни неговата платформа X со 120 милиони евра поради прекршување на правилата од Законот за дигитални услуги (DSA).

Како реакција, Маск изјави дека „Европската Унија треба да се укине“ и дека суверенитетот мора да се врати на поединечните земји, „за владите подобро да ги претставуваат своите народи“.

Казната, изречена на 5 декември, се однесува на неколку прекршувања: измамнички дизајн на т.н. „сино отчукување“, недоволна транспарентност во складиштето за реклами и оневозможување на истражувачите да пристапат до јавни податоци.

Ова не е прв судир меѓу Маск и ЕУ. Тој претходно го нарече изборниот процес за претседател на Европската комисија „недемократски“, а најновата казна предизвика критики и од високи американски претставници, кои го споредија однесувањето на Брисел со „цензура“.

Continue Reading

Свет

Кинески ракети во воздухот: Филипински авион под „огнено предупредување“ над спорните води

Кина денеска испука три сигнални ракети кон филипински патролен авион кој летал над Јужното Кинеско Море, соопшти филипинската Крајбрежна стража. Ракетите биле испукани од гребенот Суби, кој се наоѓа под кинеска окупација, но авионот не бил оштетен.

Филипинските власти наведуваат дека државниот истражувачки авион легално патролирал над подрачје кое Манила го нарекува Западно Филипинско Море, со цел да ја следи состојбата на морската средина, рибните ресурси и безбедноста на филипинските рибари.

Пекинг често користи сигнални ракети како предупредување за странски авиони да се оддалечат од зоната што ја смета за своја.

За време на патролата, филипинскиот авион забележал кинески болнички брод, два брода на кинеската крајбрежна стража и уште 29 закотвени бродови на кинеската полиција и војска во близина на Суби. Гребенот е еден од седумте потопени рифови кои Кина во последната деценија ги претвори во силно утврдени воени бази со ракетни системи, според американски и филипински воени функционери.

Авинот продолжил да патролира и покрај предупредувањата и летал и во близина на шест други спорни вештачки острови. Крајбрежната стража соопшти дека мисијата е успешно завршена.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг