Connect with us

Инфо +

3aeв: Денecка дpжавата е почитyвана повеќе од било кога!

Published

on

„Немаме дилеми да ги испорачаме гаранциите. Ние сме мирољубив народ и од нас може да се очекува само градење пријателство и соработка“, вели премиерот Заев одговарајќи на прашањето на „Фокус“, по повод изјавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека Бугарија сака јасни гаранции за нејзината национална безбедност и нејзините национални интереси.

Притоа Заев додава дека „ако се мисли на краткото и долгото име, Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија и точно се однесува на државата без никакви територијални претензии ниту кон Бугарија ниту кон другите соседи.

„Дефинитивно, мислам дека претседателот Радев, кој е европски лидер, може да направи позитивен исчекор, со што ќе даде шанса на нашето пријателство да се развива и да биде поголемо наместо да остави трага меѓу двата народа“, оцени Заев изразувајќи задоволство од поднесените креативни форми на предлози кои министерот за надворешни на Португалија Аугусто Силва и еврокомесарот Вархеји неодамна ги соопштија по посетата на Софија и Скопје и изразувајќи надеж дека на крајот на денот Европската Унија ќе го испорача она што го очекуваме”, истакна Заев.

Посочувајќи дека со цел да успее процесот е договорено да не се соопштуваат детали, Заев додава дека нашиот народ треба да биде информиран дека ова е добра основа и дека очекувањата се во рамките на предлогот, кој ќе биде разгледуван од Владата и во консултации со Претседателот на државата и сите соодветни инстанци ќе бидат изградени позициите на нашата држава.

„Важно е дека ќе го добиеме она што очекуваме како минимум, а тоа е, да се води грижа за чист македонски јазик и за македонскиот идентитет“, изјави Заев за „Фокус“, повторувајќи дека европските лидери и членки на ЕУ потврдија дека аргументите се на наша страна и со оглед на условите во Бугарија која има техничка Влада, се очекува во наредниот период, по седницата Министерскиот совет – ГАК, да почнеме со Првата меѓувладина конференција”, вели Заев.

За предлогот на опозицијата да се напушти договорот и да се направи нов, со повеќе меѓународни гаранции, премиерот Заев вели дека е многу несериозно да се откаже договор, кој веќе почна да се реализира и за кого има уште многу да се направи, притоа повторувајќи дека идентитетот и јазикот се познати црвени линии, за кои ниту Владата ниту Унијата можат да разговараат и да ги менуваат.

„Целосно ја носам одговорноста за моите постапки и политики, како што ги носам и ловориките во делот на успесите. Денеска државата е почитувана повеќе од било кога“, вели Заев посочувајќи го изнајденото решение за проблемот со името со соседна Грција, која сега не е само пријател туку и важен стратешки партнер и еден од најголемите поддржувачи и инвеститори”, истакна Заев.

Свет

Евакуиран канадскиот парламент: Полицијата во акција

Published

on

najnova vest

ОТАВА – Драматични сцени се одвиваат на Парламент Хил во Отава, каде што канадскиот парламент е евакуиран откако наоружан маж влегол во зградата и се забарикадирал. Безбедносните служби веднаш прогласија целосна забрана, а полицијата соопшти дека акцијата е во тек и ги повика граѓаните да го избегнуваат тоа подрачје.

Парламентарната служба за безбедност (PPS) испрати итна порака до сите вработени, со упатства веднаш да се засолнат во најблиската просторија, да ги заклучат вратите и да останат скриени.

„Ако не сте во непосредна близина, држете се подалеку. Не се приближувајте до областите кои се целосно забранети“, се вели во соопштението на PPS. Се чекаат понатамошни инструкции од итните служби.

Иако парламентот моментално е распуштен поради федералните избори и активностите се сведени на минимум, инцидентот предизвика голема вознемиреност и полициско присуство.

Continue Reading

Свет

„ПЕКИНГ НЕ ТРЕБАШЕ ТОА ДА ГО НАПРАВИ“ Остра реакција на Трамп по контрамерките на Кина

Published

on

Изјавата на Трамп доаѓа во време кога светските пазари се во пад поради ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина, а клучните берзански индекси во Лондон, Франкфурт и Њујорк бележат значителни загуби.

Претседателот Доналд Трамп денеска им рече на инвеститорите дека, среде пазарните потреси предизвикани од неговото воведување нови царини низ светот, сега е вистинското време да се инвестира во Соединетите држави.

– Кина одигра лошо, ги фати паника, тоа е единственото нешто што не требаше да го направат – рече Трамп.

– За многуте инвеститори кои доаѓаат во Соединетите Држави и инвестираат огромни суми пари – моите политики никогаш нема да се променат. Ова е одлично време да се збогатите и подобро од кога било досега! – објави Трамп на платформата „Truth Social“.

Изјавата на Трамп доаѓа во време кога светските пазари се во пад поради ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина, а клучните берзански индекси во Лондон, Франкфурт и Њујорк бележат значителни загуби.

Continue Reading

Свет

СКАНДАЛ ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Осум лица се обвинети за корупција

Published

on

Обвинителот наведе дека од осумте лица, тројца остануваат во притвор, тројца се задржани под електронски надзор, а двајца се ослободени, пренесе Ројтерс.

Осум лица се обвинети за корупција, перење пари и учество во криминална организација по истрагата за сомнеж за поткуп во Европскиот парламент (ЕП), наводно во интерес на кинеската компанија Хуавеј, соопшти денеска белгискиот јавен обвинител.

Обвинителот наведе дека од осумте лица, тројца остануваат во притвор, тројца се задржани под електронски надзор, а двајца се ослободени, пренесе Ројтерс.

ЕП објави дека добило барање од белгиските власти да помогне во истрагата и дека наскоро ќе одговори.

Белгиските обвинители на 13 март објавија дека уапсиле неколку лица под сомнение дека примале мито во ЕП, наводно во корист на кинеската компанија Хуавеј.

Белгиските истражители извршија рација на 21 локација во Белгија и Португалија на 13 март, а оттогаш судијата нареди да се запечатат канцелариите на двајца помошници европратеници.

Обвинителите рекоа дека корупцијата се одвивала „многу дискретно“ од 2021 година под маската на комерцијално лобирање и вклучувала плаќања или подароци, како што се храна и патни трошоци.

Обвинителите рекоа дека поткупот бил во корист на Хуавеј.

Компанијата рече дека сериозно ги сфаќа наводите и има политика на нулта толеранција за корупција и други незаконски постапки.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк