Connect with us

Инфо +

Во живо од Протестот за Уставобранителите

Published

on

Европа

ЕУ повикува: Складирајте критични резерви доволни за 72 часа

Published

on

  • Европската комисија побара од граѓаните да направат „критични резерви“ од основни продукти како храна, вода и лекови доволни за најмалку 72 часа, за во случај на итни ситуации.
  • Во новата Стратегија за подготвеност на Брисел како можен ризик за ЕУ се истакнува и „оружена агресија против членки на ЕУ“. Другите ризици се природни катастрофи, кибернетски напади и геополитичка криза.
  • Стратегијата ќе се фокусира на подобрување на системите за рано предупредување, одржување на неопходните услуги како здравствената помош и пристапот до вода, како и помош на граѓаните да се подготват за криза.
  • „Семејствата што живеат во зони во кои се можни поплави знаат што треба да направат кога ќе се крене водата. Системи за рано предупредување може да спречат губење скапоцено време при шумски пожари“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

Извор

Continue Reading

Балкан

Васил Стерјоски од МАЕИ се кандидира за нов пратенички мандат – „вашата поддршка е наш заеднички успех“ им порачува на Македонците во Албанија

Published

on


Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој на претстојните парламентарни избори во Албанија е во трка за пратенички мандат, преку објава на Фејсбук се обрати до Македонците во округот Корча, да го поддржат порачувајќи дека „вашата поддршка е наш заеднички успех“.

Во објавата на почетокот се задржува на трагедијата што се случи во Кочани, која во овие тажни денови „ја потврди семакедонската сплотеност и единство“.

„Трагичниот настан во Кочани нè погоди сите Македонци, каде и да сме… Националната трагедија во Кочани нè потсети колку сме поврзани, ја потврди семакедонската сплотеност и единство, без разлика на границите! Во овие тешки мигови, нашите мисли и срца се со семејствата на загинатите – Бог да ги прости и вечна им слава, со пријателите, со целиот македонски народ кој ја дели оваа болка, нашите молитви се со повредените за нивно најбрзо заздравување. Било, никогаш да не се повтори“, наведува Стерјовски.

Националната трагедија во Кочани, додава, се совпадна со мојата кандидатура за пратеник на претстојните парламентарни избори во Албанија, што ќе се одржат на 11 мај годинава. Од почит кон загинатите и во знак на солидарност, не ја објавив мојата кандидатура додека траеа деновите на жалост.

„На овие избори Македонска алијанса за европска интеграција настапува во коалиција со Социјалистичка партија. Во согласност со договорот за коалицирање, јас сум кандидат на изборната листа на Социјалистичка партија за округот Корча. Од 143 кандидати кои се натпреваруваат во Округот Корча, од 11 партии и коалиции, јас сум единствениот Македонец во трка за пратенички мандат – предложен од Македонска алијанса за европска интеграција. Упатувам искрена благодарност до Социјалистичката партија која ни даде можност да се најдеме на нивната листа. Мојата искрена благодарност и до Македонската алијанса за европска интеграција, за поддршката и довербата да ја претставувам македонската заедница во Албанија во овој важен политички процес“, напиша тој.

Оценува дека на Македонците во Албанија им недостига претставнички мандат во Собранието на Република Албанија, дека “долги години изборните закони беа дискриминаторски кон националните малцинствата, оневозможувајќи ни да имаме свој глас во законодавната власт“.

„Во претходниот мандат, како пратеник, предложив законски измени за гарантирани квоти за националните малцинства. За жал, големите партии сè уште немаат политичка волја и слух да ги прифатат овие промени, иако декларативно зборуваат за албанското општество како мултиетничко, мултикултурно и мултиконфесионално. Сепак, како Македонци во Албанија, не се откажуваме од таа амбиција. Продолжуваме да ги користиме сите можности за учество на изборите, да осигураме – македонскиот глас повторно да се слуша во Собранието на Република Албанија“, нагласува Стерјовски.

Во мојот претходен мандат, посочува, чесно и посветено работев за Македонците и за сите граѓани на Округот Корча и верувам дека единствениот начин да се избориме за подобри услови за живот, за интеграција на македонската заедница во институциите на системот, е преку активна политичка борба.

„Само преку институциите можеме да издејствуваме промени и да ги подобриме условите за живот и работа. Ја барам вашата поддршка – за повторно од говорницата на Собранието на Република Албанија да ги иницирам сите прашања што нè засегаат како Македонци на целата територија на Република Албанија – во Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Врбник, Тирана, Корча, поголемите градови во Албанија. Поддршка барам од припадниците на сите национални малцинства во округот Корча, да бидам нивниот глас, но и на секој граѓанин кој сака развој и напредок на нашиот регион“, порачува тој.

Ги иформира гласачите дека со новите измени во Изборниот законик, за првпат, ќе може да гласаат директно за неговото име на гласачкото ливче.

„За Преспа, за округот Корча, за Македонците во Албанија! Вашата поддршка е наш заеднички успех! Гласајте за Васил Стерјовски за пратеник, гласајте за вашиот глас во Собранието на Република Албанија“, апелира на крајот од објавата Стерјовски, барајќи го гласот на Македонците во изборната единица Корча.

Стерјовски (43) беше пратеник во претходниот состав на албанскиот парламент. Тој е прв пратеник Македонец кој јавно се декларираше тоа што е – Македонец, а благодарение на негово обраќање за првпат се скушна македонскиот јазик во собраниската сала на Албанија.

Извор: Весник Илинден

Continue Reading

Балкан

Германски воен гигант влегува во Бугарија – голема зделка на повидок!

Published

on

На 26 март, во Бугарија пристигна висока делегација од германскиот одбранбен концерн „Рајнметал“, најголемиот производител на воена опрема во Европа. Целта на посетата е разгледување на можностите за соработка и инвестиции во бугарската одбранбена индустрија, во контекст на зголемените безбедносни предизвици во Европа.

Иницијатор на посетата е бугарскиот претседател Румен Радев, кој ги покани германските партнери уште за време на Минхенската безбедносна конференција. Делегацијата оствари средби со највисоките институции во земјата – со членовите на Комисијата за одбрана, премиерот Росен Желјазков, заменик-премиерот Томислав Дончев, како и со министри одговорни за економија и одбрана. Предвидена беше и средба со поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, кој има блиски односи со „Рајнметал“.

Потенцијал за нови производствени капацитети

„Рајнметал“ е компанија со долгогодишно искуство во производство на тенкови, артилерија, муниција и системи за воздушна одбрана. Нивното евентуално присуство во Бугарија би можело да значи отворање на нови производствени капацитети, трансфер на технологија и значајна модернизација на бугарската армија.

Оваа посета доаѓа во клучен момент кога Европа се реорганизира од безбедносен аспект, а членките на НАТО ги зголемуваат инвестициите во одбраната. За Бугарија, соработката со „Рајнметал“ претставува шанса за јакнење на нејзината одбранбена индустрија и позиционирање како значаен фактор во регионот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк