„Фраеров“ вози во обратна насока среде Ѓорче (Видео)

„Тик Ток“ станува место на кое членовите се фалат кој ќе направи поголема глупост. Па така, еден неодговорен возач вози во спртивната лента на булеварот во Ѓорче Петров и прави „цик цак“ додека останатите возила го одбегнуваат.

МВР дефинитивно треба да постапи и овој „камиказа“ да биде санкциониран.