Жените полудеа по Дамиано, но сте го виделе ли брат му?!

Братот на Дамиано Давид од групата „Манескин“ се вика Џакопо и многу наликува на него, но за жал и тој е зафатен и често на Инстаграм споделува фотографии со неговата девојка.

Сè што знае за него е дека е малку повисок и потемен од Дамиано, но тие сепак многу личат еден на друг. Двајцата се витки и со подолга коса, а сличноста особено се забележува на фотографијата каде позираат заедно со легендарниот фудбалер Франческо Тоти.

Нападнати Бугари во Хрватска поради спорот со Македонија

Претседателот и премиерот Хрватска Милановиќ и Пленковиќ со остра спротиставена реторика за спорот помеѓу Бугарија и Северна Македонија. Нивното несогласување е резултат на неодамнешната изјава на претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ,по состанокот во Словенија кога истакна дека Македонија се наоѓа во невозможна позиција бидејќи држава-членка на ЕУ навлегува во нејзиниот „интимен простор“. Препукувањата не стивнуваат.


„Хрватскиот премиер шета наоколу и треска глупости како некоја баба за некакви напади, за некакво Вартоломејско претпладне за Бугарите во Хрватска. Велиш дека јас сум подбуцнувач, со што сум јас подбуцнувам. Со тоа што предупредив дека политиката на една држава, која Хрватите, да се разбереме, не ги засега кон друга држава, која нам ни е пријателска, е некоректна. Знаете, јас мислам дека тоа однесување е исто како ние сега да им го одрекуваме правото на Бошњаците својот јазик да го нарекуваат бошњачки, затоа што тој постои како таков последните 20 години. Или да им кажеме дека можете да го викаат бошњачки, ама морате да напишете дека тоа претходно бил хрватски јазик“, посочи Зоран Милановиќ, претседател на Хрватска.


Од друга страна претседателот Андреј Пленковиќ вели дека причина за наводен инцидент во Загреб во кој биле нападнати тројца бугарски државјани е причината односот на Бугарија кон Северна Македонија.


„Тој подбуцнувач и измамник е одговорен за пријавата што пристигна во Министерството за надворешни и европски работи и во службата на Владата на Хрватска од страна на Амбасадата на Бугарија за напад врз тројца, јас мислев дека се двајца, ама проверив и станува збор за тројца бугарски државјани во Хрватска. Зошто? Затоа што тој нешто зборувал на Брдо кај Крањ“, додаде Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.


Премиерот Зоран Заев не сакаше да ја коментира кавгата помеѓу претседателот и премиерот на Хрватска, велејќи дека не е запознаен, но и дека не сака да навлегува во тоа.

Xopocкoп за денеска (29 мај) сабота

ОВЕН

Може да се потпрете на соработниците. Денешниот ден е поволен за работа, доаѓаат некои нови решенија. Може да очекувате стабилна ситуација во односот со партнерот кој ви е посветен. Проблеми со нервниот систем.

БИК

Ќе добиете позитивен одговор поврзан со некое барање или молба која сте ја испратиле. Ве очекува поволен период. Доколку планиравте почеток на заедница или брак, денес е одличен ден за тоа! Ќе успеете да решите некои проблеми.


БЛИЗНАЦИ

Може да очекувате понуда за соработка надвор од земјата или со некоја компанија која е пооврзана со странство. Може да се надевате на познанство со личност за која сте слушнале многу коментари. Хронични проблеми.

РАК

Ќе успеете да остварите значително подобрување на деловните околности, а по некое време и поголема заработка. Цврсто верувате дека ќе ја пронајдете вистинската љубов. Иако имате многу разочарувања позади себе, не се откажувате. Немате проблеми со здравјето.

ЛАВ

Може да очекувате можност да реализирате една важна деловна соработка во иднина. Запознавањето нови луѓе ви внесува елан и ви дава позитивна енергија. Спремни сте за нова љубов! Водете сметка за алергии.

ДЕВИЦА

Може да очекувате напорен ден и многу обврски. Пред вас се многу стресови и промени. Засега не ви е лесно со партнерот да остварите стабилност. Во некои моменти полека се ладите. Можен е пад на имунитетот.

ВАГА

Влегувате во нов проект кој наскоро ќе ви донесе и добри препораки, нова соработка и подобри можности за работа. Задоволни сте со односот кој го имате со саканата личност. Подготвени сте да го стабилизирате бракот. Можен е пад на имунитетот.

ШКОРПИЈА

Може да очекувате новите деловни одлуки кои ги донесовте да се одразат на работата. Засега не ви е лесно да бидете отворени кога станува збор за вашите емоции бидејќи се плашите да не бидете повредени. Внимавајте на здравјето.

СТРЕЛЕЦ

Можен е помал конфликт со колегите. Важно е да научите да бидете дипломат. Ви се допаѓа личност која се однесува променливо. Не сте сигурни дали и таа кон вас гаи емоции. Внесувајте повеќе магнезиум.

ЈАРЕЦ

Може да очекувате дека ќе имате некои кочници на деловно поле и дека нема да ви биде лесно да се стабилизирате. Можни се несогласувања со саканата личност. Ве оптеретуваат кавгите и ве гушат. Болки во грбот.

ВОДОЛИЈА

Не е поволен ден за решавање на папирологија. Избегнувајте било какви проблеми со законот. Доколку сте слободни, може да очекувате ново познанство кое подоцна ќе води до љубовна врска. Избегнувајте алкохол и газирани пијалаци.

РИБИ

Финансиите може да бидат променливи во наредниот период. Нема да ви биде лесно да остварите стабилност. Можеби вашата љубомора е причината за проблеми помеѓу вас и саканата личност. Проблеми со дебелото црево.

Блажената девица Муза

За неa раскажува свети Григориј Двоеслов дека имала само девет години кога на двапати ѝ се јавила Пресвета Богородица, опкружена со пресјајни девици.

Кога Муза изразила желба и таа да биде во онаа пресјајна придружба на Небесната Царица, Богородица ѝ рекла дека по еден месец ќе дојде по неа и ќе ја земе. И ѝ заповедала како треба да живее во тие триесет дена.

Дваесет и петтиот ден Муза паднала на постела, а триесеттиот ден повторно ѝ се јавила светата Пречиста Богородица и ја повикувала со тивок глас, на што Муза одговарала: „Еве ме, доаѓам, Госпоѓо!“ И издивнала. Од овој преминала во вечниот живот во 5 век.

Платила над 90.000 евра ЗА ДА СЕ ОБЕЗЛИЧИ (ФОТО)

Една од најпознатите балкански старлети, Сара Вучелиќ, попозната како Сораја, со години привлекува внимание, додека нејзиниот интересен визуелен идентитет се менува од година во година.

Имено, нејзиното прво појавување беше во реалното шоу „Големиот брат“ во 2011 година, каде веднаш се истакна, а со своите облини ја примами и предизвика машката фантазија.

Оние што внимателно ја следеле Сораја низ годините, можеа да видат дека нејзиниот изглед драстично се промени. Иако никогаш не криела дека е приврзаник на пластична хирургија, многумина коментираат дали претерала  со процедурите.

Сораја Вучелиќ има направено десетици козметички операции за сите овие години, а во градите стави силикони во 2010 година, пред реалното шоу „Големиот брат“, кое ја направи славна. Како што се наведува, покрај тоа што има силикони во градите и усните, а хируршки ги затегна лицето и јаболчниците, Сораја ги оперираше носот и задникот, но исто така и ја закоси кожата околу очите со популарниот метод „мачкино око“ .

Таа наводно тие зафати ги прави кај познат турски хирург кој го посетуваат многу познати личности.

Многу се зборуваше за естетските процедури на Сораја, па во медиумите беше споменато дека таа дала до 90.000 евра за операциите. Таа еднаш истакна дека искеширала многу пари за силикони во градите и усните, операција на носот, нови заби и силни третмани на лицето. Кога сè ќе се собере, таа платила дури 90.000 евра за новиот изглед.

МАРКО МОРЕНО: Македонците се музички најсовршени…

– Македонците се можеби музички најсовршени во регионот според мене. Кога станува збор за продукцијата и аранжманот тука е Дарко Димитров кој постави услови како се работи продукција на сопствен аранжман, тука се i 2 Бона, Таско, Тоше Проески кој да останеше со нас сигурно македонската сцена ќе беше многу, многу поголема од што е, иако и сега е на завидно ниво, вели еден од најпродуктивните продуценти во соседството Марко Морено и додава дека многу би сакал соработка со македонските артисти.

Открива дека се чул со 2 Бона, а дали има за нив нешто брутално дознајте во видеото во продолжение:

https://youtu.be/Xv9LEC72gDA

ЌЕ ИМА РЕФЕРЕНДУМ за учебниците, против Царовска

Пратениците на собраниска комисија едногласно донесоа заклучок дека иницијативата за референдум за образовните реформи на министерката Мила Царовска е уредна.

Тие сега треба да го известат претседателот на Собранието, Талат Џафери кој потоа ќе ја извести Државната изборна комисија да ги отвори подрачните единици за собирање на потребните 10.000 потписи.

Претставничката на Иницијативата “Учебници и настава мора да има”, Драгана Спасевска во Собранието побара Царовска целосно да го повлече предлог-законот за учебници. Една година да се работи на образовните реформи, тие да бидат познати на целата јавност и да стартуваат од наредниот 1. септември.

Поддршка за референдум родителите добија од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои велат дека се за дигитализација, но никако да не се укинат печатените учебници.

Од друга страна, за пратениците од СДСМ нејасно е зошто се бара референдум бидејќи велат дека реформите биле дебатирани во јавност. Пратеничката Љатифе Шиковска рече дека досега повеќе пати во јавноста било кажано оти хартиените учебници и натаму ќе се користат.

Се појави онлајн петиција за враќање на стариот дрес на Македонија

Откако денес ФФМ го промовираше новиот дрес на Македонија со кој ќе настапува на ЕУРО 2021 се појави онлајн петиција за враќање на стариот дрес.

Петицијата „Македонија на ЕП со старите дресови“ е покрената заради незадоволството во изборот на боите и изгледот на дресовите со кои репрезентацијата ќе игра против Австрија, Украина и Холандија на континенталниот шампионат.

Инаку, новите дресови се во бордо боја.

Од 1-ви јуни без маски на отворено, дозволени свадби и прослави, но полицискиот час останува

Министерството за здравство ја информира јавноста дека утрово на Комисијата за заразни болести донесена е одлука до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) да се достави предлог за понатамошно олабавување на рестриктивните мерки. Пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи. Комисијата до ГККШ ќе ги предложи следните олабавувања:

„Од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски. Да се дозоволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6. Спортските натпревари кои се играат на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот.

Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила. Полицискиот час останува на сила. Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

Состојбата е стабилна, но искуството ни покажа дека многу лесно може да се влоши доколку не се почитуваат мерките онака како што се предвидени. Затоа апелирам до стопанските субјекти и граѓаните целосно да се придржуваат до препораките“стои во соопштението од МЗ.

Почина 19-годишниот Тони Сали, момчето коe се обидуваше да извади извод и здравствена книшка

Завчера почина 19-годишниот матурант Тони Сали, кој цела деценија се обидуваше од Управата за водење матични книги да добие матичен број и Извод на родени, објави порталот САКАМДАКАЖАМ.

Момчето нема да добие ниту посмртница, затоа што немал ниту извод, ниту здравствена книшка, а ни лична карта. Единствен документ и доказ дека постоел се неговите петки, освоените домашни и меѓународни награди од натпревари и свидетелствата.

Како што информира порталот, Сали починал дома крај болниот татко, мајка си, братот и сестрата, а причините за прераната смрт на ова момче се непознати.

Тони Сали е роден во Македонија, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.