Амбасадата на САД се закити со ЛГБТ знаме (Фото)

Знаме на ЛГТБ заедницата закачено на зградата на Амбасадата на САД го привлече вниманието на скопјани, кои попладнево се на Арената „Тоше Проевски“ да го следат пријателскиот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Словенија.

Секое лето во САД, припадниците на ЛГТБ заедницата се собираат на различни настани на едномесечна прослава на љубовта, различноста, прифаќањето и несрамната самогорост.

Месецот на ЛГБТ-гордоста се слави секоја година во јуни, а јуни е избран за Месец на гордоста за да се одбележат протестите што ги одржаа припадниците на ЛГБТ заедницата против полициската рација што се случи во Стоунвол Ин воЊујорк на 28 јуни 1969 година Овој настан се смета за почеток на борбата за ЛГТБ правата во САД.

Извор: 24 инфо