(Видео) Она кога ќе ти кажат нема втор мандат :)

Лидерот на ДУИ Али Ахмети најави големо изненадување кое ќе го обелодени на 5 јуни, на роденденот на партијата.

– На 5 јуни, повторно, нашето семејство ќе излезе со платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за „првиот албански премиер – рече вчера Ахмети во Липково.

Засега се шпекулира дека изненадувањето ќе биде заеднички кандидат Албанец со СДСМ за градоначалник на Скопје.

Премиерот Зоран Заев е информиран за големото изненадување на ДУИ кое лидерот на интегративците Али Ахмети најави дека ќе го обелодени на 5 јуни , на партискиот роденден.

– ДУИ има убава работа да соопшти во сабота, убава зтоа што е целосно во корелација со работењето на Владата, споделено е со нас, убава е затоа што е модерна и соодветна за 21 век. Тоа е освежување и новина – рече Заев но не откри детали бидејќи тоа е агенда на ДУИ.

Дали тоа значи дека нема втор мандат за Петре Шилегов останува да видиме.

Во прилог видео од реакцијата на градскиот татко Петре Шилегов кој мораше да слуша како од илјадници грла се скандира никогаш Северна, Само Македонија на прославата откако ракометниот клуб Вардар ја освоија титулата од Лигата на шампионите во 2019 година: