Американци сеуште веруваат дека на Земјата има диносауруси

Голем број Американци веруваат дека на Земјата се уште постојат диносауруси кои се скриени во некој оддалечен дел од светот, покажуваат резултатите од ново истражување, објави „Ерусалем пост“.

Истражувањето е спроведено од „Боут рокер студио“ (Boat Rocker Studios), кое наскоро ќе го објави цртаниот серијал „Дино Ранч“ (Dino Ranch“ што ќе се емитува на каналот „Дизни јуниор (Disney Junior“, а ќе биде наменет за деца од предучилишна возраст.

При истражувањето биле анкетирани околу 2.000 возрасни лица и се тестирало нивното знаење за овие праисториски суштества.

Истражувањата покажале дека околу 40% од американската популација верува дека диносаурусите исчезнале во период од пред 2.000 до 10.000 години. Сепак, одамна е докажано дека овие суштества исчезнале пред 66 милиони години. Околу 20% од Американците, пак, веруваат дека изумреле пред само 100 години.

Околу 30% од нив веруваат дека диносаурусите и луѓето живееле на Земјата во исто време. Секоја четврта личност верува дека диносаурусите живееле со слонови, иако научно е потврдено дека слоновите се појавиле 10 милиони години по истребувањето на диносаурусите.

Приближно 54% од испитаниците тврдат дека диносаурусите живееле само во Африка и Cеверна Америка.

Според истражувањето, возрасните Американци можат да именуваат околу 4 видови диносауруси, иако е познато дека ги имало илјадници. Секако, повеќето од нив го навеле „Ти Рекс“.

Нешто повеќе од една третина од луѓето се сетиле на Бронтосаурус, кој стана популарен од детскиот филм „Земја пред времето“ (A Land Before Time). Сепак, 54% не успеале да ги именуваат три-роговите трицератопи, кои исто така се појавуваат во наведениот филм.

Прекрасно е да се гледаат серијали како „Дино Ранч“ кои им помагаат на децата да ги засакаат диносаурусите. Овие прекрасни суштества и денес имаат своја публика. Повеќето деца денес можат да ги едуцираат своите родители за овие животни. Идејата дека такви гиганти некогаш шетале по Земјата ја буди детската фантазија, без страв дека некогаш ќе налетаат на нив – истакнува Мет Фернандес, творецот на цртаниот филм.