Бугарија вмешана во меѓународен ckaндал co трговија со opгани: Сиpoмашни „внуци“ „донирале“ органи за богати роднини

Министерството за здравство на Бугарија во четвртокот откри дека под поранешната влада на Бојко Борисов државната болница извршила трансплантација на органи на сиромашни донатори за богати „роднини“ кои биле оперирани под лажен идентитет, за што министерството има оправдани причини да верува дека не се работи за роднини, како што налага законот. Висок владин функционер, наводно, на овој начин се нашол на врвот на листата за чекање и добил трансплантација на црн дроб, пренесува Еуроактив.

Во последните две години, во државната болница се извршени 14 трансплантации на бубрези од живи донатори и во документите се вели дека сите донатори на бубрези се сиромашни „внуци“ од Украина и Молдавија, а примателите се богати „стриковци“ од земји како Израел, Јапонија, Оман, рече министерот за здравство Стојчо Кацаров.

Утврдено е дека многу од овие богати „стриковци“ кои ги примиле бубрезите користеле лажен идентитет.

Иако веќе долго време постојат сомневања во врска со трансплантациите во земјата, ова е првпат ваквите практики да бидат потврдени од владата. Министерството за здравство стравува дека овие откритија ќе предизвикаат силна реакција од меѓународната заедница.