Човек вознемирувал 14 годишно девојче, со видео повици ја уценувал да му пишува! (Фото)

Почитувани, згрозени сме од начинот на кој овој човек вознемирувал 14 годишно девојче. Не знаеме колку сте свесни, но во Македонија бројот на овие педофили е сѐ поголем. Имено, тоа го покажуваат и пораките од лица, кои секојдневно ни ги праќаат во пораки и истовремено бараат помош од нас. Денеска повторно разоткриваме еден од педофилите кој секојдневно вознемирувал 14 годишно девојче, и не бирал средства на кој начин ќе воспостави контакт со детето. Пишувал, ѕвонел на месинџер со видео повик, ја уценувал да му пишува, и иако девојчето не враќа на пораките, тој дури почнува и да испраќа експлицитни фотографии од својот полов орган(Поради новите правила на фб сликата не може да биде прикачена заради цензурата на фб, но ја поседуваме како доказ). ОДВРАТНО, ДРСКО И БЕЗОБРАЗНО!!! Ги повикуваме надлежните институции да реагираат соодветно и овој човек да одговара за своето дело според КЗ на Р. М. – пишуваат на страницата СТОП ЗА ПЕДОФИЛИЈА на Фејсбук.