(Видео+фото) Американците донираа oклопни возила на Косово

САД донираа нови оклопни возила на безбедносните сили на Косово, објави приштинскиот портал „Репортери“.

Станува збор за оклопни возила од типот М1117, познати и како „Гардијан“.

Веста за донацијата на оклопни возила ја објави Министерството за одбрана во Приштина, а ресорниот министер Арменд Мехај ја посети касарната во Феризај, со цел да биде информиран за таа донација, како што беше соопштено .

Како што е исто така забележано, М1117 е едно од првите американски воени возила, отпорни на мини, пренесува Б92.

https://youtu.be/6P2K96AqC-c