Ким Јонг Ун со нов закон, смртна казна за гледање странски филмови

Со нов закон севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун забранува гледање на странски филмови во земјата.

Новиот закон забранува било какво странско влијание, забранувајќи странска облека, странски филмови или зборување на сленг, пренесува Би-Би-Си.

Според новата легислатива, секој што ќе биде фатен со голема содржина на видео снимки од Јужна Кореја, САД или Јапонија му следува смртна казна, а оние што ќе бидат фатени како гледаат такви снимки им следува казна затвор до 15 години.

Дејли НК, кои први добиле копија од новиот закон, во кој се вели дека ако вработен е фатен, тогаш фирмата може да биде казнета, исто како и ако дете е фатено може неговиот родител да биде казнет, пренесува Ли Санг Јонг, главниот уредник на Дејли НК.