Пред 30 години Coбpaниeтo одлучи земјата да се вика Република Македонија

На денешен ден пред 30 години, односно на 7 јуни 1991 со одлуката на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, одредницата „Социјалистичка“ од името на СР Македонија бил изоставена и Републиката го носи називот Република Македонија.

Дна месеци подоцна, односно на 6 август Собранието усвојува Одлука за распишување референдум за изјаснување на граѓаните за суверена и самостојна држава.

Во Одлуката е утврдено прашањето за кое граѓаните ќе се изјаснат на референдум: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија?“