Севе во бикини во петта деценија од животот како тинејџерка (Фото)

Популарната пејачка Северина откако пред една недела се вакцинираше против коронавирус, замина на заслужен одмор и тоа на Малдивите.

Откако е на одмор, пејачката на социјалните мрежи секојдневно објавува фотографии, а најмногу внимание привлекуваат оние на кои ја истакнува својата витка линија.

Северина позираше во портокалово бикини во кое ја истакна својата одлична фигура на која може да и позавидат многу млади девојки.

На едната објава Севе лежи испружена на плажа, додека на друга е на велосипед и во прв план е нејзината задник.

Фотографиите за краток период собраа околу 50 000 лајкови, а нејзините следбеници ја опсипаа со позитивни коментари.