Connect with us

Инфо +

Жените биле главни во кланот на Беливук: Старлети и љубовници биле параван и му ги переле парите

Важна улога во озогласената криминална група имале  и припадничките на понежниот пол, сомнежите се дека переле пари, пренесувале пораки и служеле како параван во бизнисот, пишуваат српските медиуми. 

Во текот на истрагата, по апсењето на оваа група на 4 февруари, утврдено е дека жени на различни начини, како поддршка и параван во нивните акции –  тие се осомничени за перење пари, пренесување пораки и разни информации или примамување на жртвите .

Беливук и Миjковиќ се осомничени дека сториле најмонструозни злосторства низ годините, и се криеја под параванот на навивачката фракција на Партизан, Принципи. Како дел од големата истрага, беа испитани бројни жени, а меѓу нив се старлетите Тијана Максимовиќ, позната како Тијана Ајфон, како и Милица Живановиќ – Мими Оро.

Исто така, сослушана е и сопругата на Беливук, Бојана, но,  потоа била  ослободена. Се крена голема прашина кога исто така беше откриено дека М.Р е долгогодишна љубовница на Веливук , за кого се води истрага под сомнение дека има круцијални докази за овој криминален тим.

– Истражителите заплениле пет телефони и лаптопи од љубовницата на Беливук и тие биле испратени на вештачење. Се сомнева дека таа не учествувала во ликвидациите, но дека играла голема улога во прикривањето на паричните текови и перењето пари – вели извор во Курир и додава дека меѓу пет телефони е пронајден еден шифриран телефон за тајна комуникација.

Балкан

(ВИДЕО) Босански тинејџер го собори светскиот рекорд: Со глава скрши 111 бетонски блокови за 35 секунди

Неверојатен физички подвиг привлече внимание ширум светот откако 16-годишниот Керим Ахметспахиќ од Босна и Херцеговина официјално постави нов светски рекорд во скршување бетонски блокови со глава.

На настан во босанскиот град Високо, организиран пред комисија на Гинисовата книга на рекорди, Ахметспахиќ во рок од само 35 секунди успеа да скрши 111 блокови со својата глава, што претставува досега невиден рекорд во оваа дисциплина.

Младиот шампион, кој е и црн појас во таеквондо, ги постави блоковите во колони и со прецизни удари ги разбиваше еден по еден, демонстрирајќи неверојатна сила и контрола. Движењето настанот предизвика громогласен аплауз од присутните, кои со восхит го следеа секој негов потег.

Овој подвиг е признат од страна на официјални претставници на Гинисовите рекорди како нов најголем број бетонски блокови скршени со глава, што значително го надминува претходниот рекорд.

Постигнувањето на Ахметспахиќ не само што го запиша негoвото име во историјата на рекордите, туку и ја истакна важноста на дисциплината, тренингот и физичката подготвеност во екстремни услови.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Continue Reading

Свет

Украина сигнализира подготвеност за откажување од членството во НАТО

Украина е подготвена да размисли за откажување од членството во НАТО доколку тоа придонесе за постигнување траен мир и гаранции за безбедност, изјавија украински официјални претставници, пренесуваат меѓународни медиуми.

Според наводите, ваквиот став доаѓа во контекст на интензивирани дипломатски напори и разговори за можни решенија за прекин на конфликтот. Украинската страна нагласува дека безбедносните гаранции за државата остануваат клучен приоритет, без оглед на форматот во кој би се оствариле.

Од Киев порачуваат дека прашањето за НАТО никогаш не било цел само по себе, туку средство за обезбедување долгорочна стабилност и заштита на суверенитетот. Доколку тие цели можат да се постигнат преку друг меѓународен механизам, Украина е подготвена да ги разгледа сите опции.

Истовремено, украинските власти потенцираат дека секоја одлука од ваков карактер ќе биде донесена транспарентно и во согласност со волјата на граѓаните, како и со поддршка од меѓународните партнери.

Аналитичарите оценуваат дека ваквите изјави претставуваат значаен дипломатски сигнал, но нагласуваат дека конечниот исход ќе зависи од безбедносните гаранции што би ѝ биле понудени на Украина и од поширокиот геополитички контекст.

Continue Reading

Свет

ЕКСКЛУЗИВНО: 10 минутно видео од нападот на Бонди Бич во Сиднеј, Австралија

На социјалните мрежи се појави видео-снимка долга повеќе од 10 минути, за која се тврди дека прикажува моменти од сериозниот безбедносен инцидент што се случил на познатата плажа Бонди во Сиднеј, Австралија.

Снимката беше споделена од профил со верифициран статус, со навод дека станува збор за масовно пукање во близина на плажата. На видеото се гледаат вознемирени граѓани, полициско присуство и нарушена јавна безбедност во реонот.

Австралиските власти досега официјално потврдија дека имало сериозна безбедносна закана, но деталите за бројот на повредени или евентуални жртви сè уште не се целосно соопштени. Полицијата интервенирала на терен, а осомничените лица биле приведени.

Премиерот на Австралија изјави дека станува збор за „сериозен безбедносен инцидент“ и дека сите релевантни служби се мобилизирани. Истрагата е во тек, а јавноста е повикана да не шири непроверени информации.

Надлежните апелираат граѓаните да се информираат исклучиво преку официјални извори додека трае истрагата.

ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг