Connect with us

Инфо +

Инцидент на Мавровка, го уапсиле затоа што снимал – “Диктатура во живо”

Published

on

Член на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, насилно е приведен од полицијата додека бил на протестот што го организира партијата кај крстосницата во близина на  „Мавровка“.

Како што веќе објави „Нетпрес“, уапсениот демонстрант со мобилен телефон почнал да снима на што полицијата бурно реагирала наредувајќи му да прекине со снимањето. Тој им се спротивставил со образложение дека снима на јавен простор и не прави ништо противзаконско, а откако одбил да ја спроведе нивната бесмислена наредба, брутално бил уапсен и спроведен во полициска станица.

Pратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски го објавува видеото од кое се гледа дека претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ е приведен затоа што снимал за време на протестите на опозицијата во центарот на Скопје.

Од видеото се гледа дека еден од полицајците вели дека не смее да се снима иако се работи за јавен настан на јавна површина и нема забрана за снимање.

Според изјавата на приведениот полицаецот го фаќа за рака а потоа тој е приведен.
Полладнево приведениот е ослободен од МВР.

Инцидентот во кој полицајци се нафрлат врз момчето се случува додека тој снима разговор меѓу двајца пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и претставници на полицијата.

На денешните протести на полицијата видео со своите мобилни телефони снимале стотици луѓе но само еден беше приведен.

Видеото на овој линк

Најнова вест на темата

Јасно се гледа дека не дава отпор ниту навредува

Македонија

Мицкоски: Нема начин да биде разрешен Судскиот совет, но борбата ќе биде со јавен притисок

Published

on

Нема начин со сила да биде разрешен Судскиот совет, ниту членовите кои се избрани од Собранието, а за кои е поднесена интерпелација. Можат да не дадат оставки и покрај изгласаната недоверба. Сепак, борбата за промени во правосудниот систем ќе биде со јавен притисок, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски прашан околу интерпелациите поднесени за членовите на Судскиот совет избрани од Собранието – Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.

-Органот којшто ги избрал тие пет члена има право да даде свое мислење за нивната работа и тој со тоа што не им го прифатил извештајот за работа дал свое мислење. И сега логично е дека можат пратениците да поднесат таква процедура за интерпелација на членовите на Судски совет кои тие ги избрале, бидејќи таму нема членови на Судски совет кои се бирани само од пратениците, има и од судовите итн. Но, ќе повторам, тоа не значи дека им престанува мандатот на тие членови. Сепак, тие можат да си речат дека не си поднесуваме оставка и ќе останеме и понатаму да го водиме судството со доверба кај граѓаните од два проценти. Условно кажано, законот е таков – непрецизен и може тоа да се случи, рече Мицкоски.

Премиерот вели дека тоа нема го изненади и оти тие како политичари можат да направат само јавен притисок бидејќи цени дека јавноста не е задоволна од работењето на овој состав.

– Со сила ништо не можеме да направиме. Нив до последно ги штити законот. Се разбира, таков е законот, тие можат да си речат не поднесуваме оставка и ќе тераме додека не ни завршат мандатите. Инаку кои се алатките? Еве за да нема дилема. Алатката е јавноста. Се бориме јавно. Вистината е најпрецизна во јавноста. Ќе се бориме со јавноста. Ценам дека јавноста не е задоволна од работењето на овој состав на Судскиот совет и мислам дека нема подобра алатка од јавноста. Апсолутно со јавен притисок, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање по стартот на реконструкција на сквер во Општина Аеродром.

Премиерот посочи дека се надева оти тие ќе поднесат оставки.

– Мислам дека ќе бидат доблесни, доколку се изгласа интерпелацијата, односно доколку заклучокот на пратениците е да има промени таму, тие да си заминат, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека доколку бидат разрешени, бирањето на новите членови на Судскиот совет ќе биде според законот што е во сила.

-Ние не можеме со претпоставки да водиме политика. Мораме да водиме политика врз основа на параметри коишто се дел од реалноста и ние ја прифаќаме таа реалност таква каква што е, рече тој.

Во однос на тоа дали ќе поведат некаква постапка за членовите на Советот на јавни обвинители, Мицкоски истакна дека чекор по чекор ќе следат многу реформи во правосудството.

– Чекор по чекор ќе следат многу реформи. Јас никогаш не би сакал да зборувам со повисок тон или пак да се заканувам што ќе следува, но прво да се случат работите, па потоа ќе ги коментираме. Тоа е начинот на кој функционира оваа Влада. Внимателно, чекор по чекор, тивко, без многу помпа, без многу најави, без многу закани, да си ги завршуваме работите, рече премиерот Мицкоски.

Пратеничките групи на партиите од власта ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ во петок до законодавниот дом поднесоа интерпелација за работата на членовите на Судскиот совет кои се бираат од страна на Собранието – Весна Дамева, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.

Во поднесените интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет до претседателот на Собранието Африм Гаши се посочува дека се поднесуваат заради недоследнои спроведување на надлежности, особено заради негрижа, односно нарушување на угледот на судиите и загрозување и нарушување на довербата на граѓаните кон судството, а со тоа и на целиот правосуден систем, односно судството во целина.

Continue Reading

Инфо +

ЈУБИЛЕЈНО ИЗДАНИЕ на АБЕЦЕДАРОТ – Буквар за македонските деца во Грција печатен пред сто години во Атина

Published

on

Во издание на „Матица македонска“ од Скопје излезе од печат јубилејно издание на Абецедарот -Буквар за македонските деца во Грција, објавен во 1925  години во Атина. Ова дело е драгоцен документ за македонската лингвистичка наука, а уште повеќе за македонската историографија, наведува издавачот.

Абцедарот е печатен на хрватска латиница на леринско-битолско наречје. Всушност тој  е првиот документ пишуван по Речникот на Џанели од 16. век и Даниловиот четиријазичник од 19. век, пишуван на македонски  народен јазик.

Грчкиот публицист и специјалист за балканските прашања, Никос Зарифис, излегувањето од печат на Букварот го оценува како вонреден настан  во животот на малцинствата во Грција. Во весникот „Елфтерон Вима“ од 19 октомври 1925 година, пишува: „Имаме веќе готов буквар  за словеногласните, за што грижливо се погрижија и добросовесно работеа специјалистите Г. Г. Папазахариу Сајакис и Лазару. Тоа е дело кое наспроти тешкотиите за неговото составување, претставува прирачник за употреба…“

-Абецедарот  бил испратен во некои околии од Западна Егејска Македонија (Костурска, Леринска и Воденска) и соодветните училишта преземале мерки за учење на македонските деца до четврто одделени на македонски јазик. Меѓутоа, грчките влади никогаш искрено не пристапуваа кон решавање на прашањето на Македонците и нивните национални права  во Грција. Абецедарот е едно силно сведоштво, не само за постоењето на многубројното македонско национално малцинство во Грција, туку и за фактот дека Грција била принудена од Друштвото на народите да преземе одредени задолженија за задоволување на правата на македонското малцинство, наведува издавачот „Матица македонска“.

Continue Reading

Македонија

Скопје и Охрид целосно ќе ги поврземе со автопат, кажа Николоски

Published

on

Започнуваме да градиме целосно нов автопат од Кичево до Букојчани. До напролет или до летото ќе избереме изведувач, во меѓувреме обезбедивме поволен кредит од ЕБРД и неповратни средства исто така од ЕБРД за изградбата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето во Днeвникот на ТВ Сител.

Тој потенцира дека токму оваа делница недостасува за целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид.

“Ние сега градиме автопат од Охрид до Кичево, а исто така се гради автопат и од Тетово преку Гостивар до Букојчани со што го решаваме превојот Стража. Тоа што недостасува е Букојчани до Кичево. Решивме да го градиме и да имаме целосно автопатско поврзување од Скопје до Охрид и Струга, секако и Кичево. Успеавме со ЕБРД да обезбедиме доста поволен кредит, процeнетата вредност е 123 милиони евра, а тоа што ме радува е што обезбедивме 20 милион евра грант или подарок, што не е мала работа, тоа е 20 % од самиот пат. Во моментов имаме преткфалификација, очекувам пролет до лето да се избере изведувач и на крај на 2028 година кога ќе заврши делницата Тетово -Гостивар –Букојчани, да се заврши и делницата Кичево -Букојчани. Веќе следната година ќе биде готов од Охрид до Кичево и на тој начин ќе имаме целосно поврзување. Должината е околу 12 километри, но теренот е исклучително тежок, предизвикувачки е за инженерите да се совлада, но се нафативме и ќе го решиме”- истакна вицепремиерот Николоски.

Тој најави дека веќе се прават законски измени кои следната недела веќе ќе се разгледуваат на владина седница, а со кои ќе се олесни изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Исто така истакна дека до пред почетокот на летната сезона ќе се пушти во сообраќај 40 километри од автопатот од потегот на Врбјани до Охрид, со мал пресек кај Ботун заради косини кои дополнително ќе се стабилизираат.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк