Ратко Младиќ правосилно осуден на доживотен затвор

Жалбениот совет на Механизмот за меѓународни кривични судови (МИЦТ) со седиште во Хаг донесе конечна пресуда против воениот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ.

Тој е правосилно осуден на доживотен затвор. Со ова, потврдена е пресудата со која тој беше прогласен за виновен за најтешки воени злосторства за време на војната во БиХ, вклучително и геноцидот во Сребреница. Пресудата беше обжалена од обвинителството и одбраната.