Connect with us

Инфо +

Администрацијата ќе се “опари” : К15 за сите кои се вработени во државна администрација

Published

on

Јавната администрација годинава ќе го го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15 и за таа намена се алоцирани дополнителни 230 милиони денари. Според премиерот Зоран Заев, тоа е обврска од потпишаните колективни договори во 2019 година и таа треба да се исполни.

– Колективните договори се потпишани во 2019 година. Ние сме благодарни на сите синдикални организции кои имаа разбирање за одложување на оваа мерка за 2020 година, со оглед на ситуацијата и не беше во ред да се исплати додатокот кога беше почнат третиот бран. Но, годинава треба да се исплати. Тоа сме го ветиле и не само што сме го ветиле, туку е потпишан договор за оваа работа и тој треба да се реализира – рече премиерот на денешната прес-конференција и додаде дека за тоа веќе се алоцирани дополнителни 230 милиони денари и овој регрес на годишен одмор ќе го добијат сите вработени опфатени со колективните договори.

Свет

Наскоро прекин на војната? Ќе се бара само едно нешто, ова е најважниот услов за целосен прекин на огнот

Published

on

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, Кит Келог, денес изјави дека конфликтот во Украина е на прагот на прекин на огнот, но дека двете страни мора да постигнат договор.

„Верувам дека тоа можеме да го постигнеме. Искрено верувам дека сме на прагот на прекин на огнот, но двете страни ќе мора да постигнат некаков вид на договор. Ниту една страна нема да добие сè што сака“, изјави тој за Фокс Њуз.

Келог истакна дека Трамп е „вознемирен“ поради дејствијата на двете страни, но дека САД имаат намера да побараат целосен прекин на огнот.

„Ние сакаме сеопфатен прекин на огнот од 30 дена. Кога тоа ќе се постигне, ќе биде многу тешко повторно да започне војната. Тоа е она во што верувам. И треба да добиеме листа на услови, што јас би го нарекол список на услови. Тоа го сакаат Русите. Тоа го сакаат Украинците“, додаде Келог.

Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин разговараше телефоноски со Трамп, при што рускиот лидер позитивно одговори на идејата страните во конфликтот во Украина да се воздржат од напади врз енергетската инфраструктура на спротивната страна за време на 30-дневен период и и даде на војската соодветни инструкции.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така го прифати овој предлог, но од тогаш, двете страни извршија напади врз енергетските објекти на противникот.

Continue Reading

Балкан

Се урна таван во босанска градинка, три деца итно пренесени во болница

Published

on

Во градинка во босанското место Козарска Дубица денеска се урнал таванот, но за среќа ниту едно од децата кои биле таму не е тешко повредено, јавија локалните медиуми.
Три деца се веднаш пренесени во болница, но набрзо биле пуштени дома бидејќи немале потешки повреди. Објектот е затворен и престанува со работа, соопштија властите на Република Српска.

Локалната новинарка Јелена Пралица, која ја објави снимката од градинката, ја придружува објавата со коментар дека зградата на општината неодамна била реновирана додека никој не се грижи за условите во кои престојуваат децата.

Градоначалникот на Козарска Дубица Саваковиќ рече дека најважно му е никој да не е повреден, а сега чека да се утврдат фактите, по што поправките ќе се финансираат од општинскиот буџет.

Continue Reading

Балкан

Таксистот Бранко му донираше бубрег на другар од училишните клупи

Published

on

Делото на Бранко Џаламиќ (43) од Богатиќ пред неколку дена воодушеви многумина. Храбар таксист донираше бубрег на својот училишен другар.

Бранко, кој седел со Синиша во училишната клупа, вели дека кога слушнал дека на Синиша му го извадиле едниот бубрег, а другиот престанал да работи, во ниту еден момент не помислил дали да му го даде својот.
Само се молев да ги поминам анализите и тестовите што е можно поскоро и да можам да го направам тоа. Првото нешто што ми падна на ум, кога докторите дојдоа да ме видат, беше како е тој. Само што му го пресадиле бубрегот, телото веднаш го прифатило и почнал да работи“, раскажува Бранко за РТС.

За тимoт лекари, преведувачи и вработени во клиниката во Турција, средбата на двајца пријатели по трансплантацијата беше особено трогателна.

„Бев зачуден, не можев да поверувам. Ни најблиските не ми излегоа во пресрет да ми го понудат тоа што ми го понуди. Затоа отидовме кај него дома, отидовме на прегледи, дојдовме овде и се на се, за седум дена решивме да дојдеме во Турција“, вели Синиша Новаковиќ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк