Чаушевска-Димовска персона нон грата – Русија ја протера!

Русија прогласи еден вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва како противмерка за персона нон грата, објави руското Министерство за надворешни работи – пренесе Спутник.

„Чаушевска-Димовска, беше поканета во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што и беше врачена белешка со која се прогласува за персона нон грата во Москва“, се вели во соопштението на Министерството.


Оваа мерка е одговор на немотивираната одлука на македонската страна во мај годинава да се прогласи за персона нон грата дипломат на руската амбасада во Скопје, се објаснува во соопштението.

На крајот на мај, Министерството за надворешни работи на Северна Македонија протера руски дипломат. По ваквиот потег на Македонија, руската дипломатска мисија во Скопје објави дека Москва размислува за контрамерки – пишува СПУТНИК.