Connect with us

Инфо +

Четиринаесет лица приведени во локал во тетовско – 13 женски лица ги забавувале гостите

Published

on

Тетовската полиција ноќеска од 22.15 часот до 23.45 часот во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во локал во Желино при што се приведени 14 лица поради работа спротивно на прописи во време на епидемија.

–Во објектот биле затекнати 19 лица – гости и 13 женски лица кои ги забавувале гостите. Од нив осум биле државјанки на Република Албанија и пет македонски државјанки. Сопственикот З.С.(49) од с.Желино  и 13-те женски лица биле лишени од слобода, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.  Претходната вечер слична акција со приведени 12 лица имаше во Тетово. 

Македонија

Поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески на распит во полициска станица

Published

on

Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчевски попладнево е приведен и во моментов се наоѓа во полициската станица Кисела Вода.

Приведувањето доаѓа откако денеска Финансиската полиција му поднесе кривична пријава за злоупотреба и финансиски малверзации извршени за време додека бил директор.

Заедно со Мирчески уапсен е и сопственикот на рент-а-кар сервисот ВИП, кој е опфатен со истата истрага.

Continue Reading

Македонија

Во Битола ќе се поставуваат „легнати полицајци“ пред училиштата

Published

on

Општина Битола и оваа година продолжува со преземање конкретни мерки и активности за зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а пред се за зголемување на сигурноста на пешаците.

Согласно изготвената документација и склучениот договор за набавка, транспорт и монтажа, Општина Битола ќе инвестира 3.734.877 денари за поставување на смирувачи на сообраќајот на осум локации, вклучувајќи: вештачка издаденост – издигнат пешачки премин, гумирана вештачка испакнатина, флексибилни ретрорефлектирачки гумени столбчиња, како и сообраќајни знаци за: издаденост на патот, обележан пешачки премин, зона школо, знаци за завршеток на зона школо, како и знаци за зона во која е ограничена брзината и завршеток на зоната во која е ограничена брзината.

Сообраќајната сигнализација и смирувачите на сообраќајот, ќе бидат соодветно поставени пред основните училишта „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“, „Климент Охридски“, „Тодор Ангелевски“, „Даме Груев“, „Трифун Пановски“, „Ѓорѓи Сугарев“ и кај средното општинско училиште „Таки Даскало“.

Продолжувањето на овие активности, се должи на позитивните искуства од минатата година, кога за првпат од страна на општината беа поставени смирувачи на сообраќајот на четири локации од двете страни на улицата „Булевар 1 Мај“, кај Државното средно музичко училиште, Гимназијата „Јосип Броз Тито“, Економското училиште „Јане Сандански“ и Основното училиште „Д-р Трифун Пановски“.

Со поставените смирувачи на сообраќајот на наведените локации, пред се, се става акцент на зголемена безбедност на учениците како најмлади учесници во сообраќајот.

Continue Reading

Македонија

Уставен суд: Нема дискриминација во одлуката за разрешување на директор на Ерол Муслиу

Published

on

Нема дискриминација во одлуката за разрешување на директор на Агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу.

Уставниот суд утврди дека нема дискриминација во одлуката за разрешување на директор на Агенцијата за разузнавање Ерол Муслиу од 28 јуни 2024 година.

Судијката Ана Павловска Данева, на прес-конференција, појасни дека како Суд утврдиле дека нема дискриминираност по полова и политичка основа.

– Судот едногласно одлучи дека нема ниту полова, ниту политичка дискриминација во одлуката за негово разрешување од претседателката Гордана Силјановска Давкова, изјави Павловска Данева.

Во поглед на политичка дискриминација, Судот, како што посочи Павловска Данева, констатира дека директор на Агенцијата не бил, ниту смеел да биде член на политичка партија, исто како и претседателот кој ја донел одлуката за негово разрешување.

Во однос на половата дискриминација, Павловска Данева, појасни дека изјавите на претседателката Гордана Сиљановска Давкова во кампања дека жените треба да бидат повеќе застапени на највисоките функции, сама од себе не може да биде основа за дискриминација.

– Ние како Суд утврдивме дека тука нема дискриминација бидејќи самите изјави на Претседателката не претставуваат доказ дека некој е дискриминиран и дека заложбата за поголема застапеност на жените на високи функции е заложба на секој еден граѓанин, рече Павловска Данева.

Од наводите во барањето, подносителот наведува дека е дискриминиран по основ на пол и на политичка припадност, во врска со членот 9 од Уставот.

Во барањето е наведено дека оспорената Одлука не содржи никакво образложение од кое може да се утврди дека е разрешен поради нестручно и несовесно извршување на функцијата, како што официјално било наведено во Одлуката.

Подносителот наведува неколку медиумски објави со кои укажува дека Претседателот на Република Северна Македонија од моментот на стапувањето на функција до моментот на донесување на спорните одлуки, остварува информативни средби со други раководни лица, заобиколувајќи го него како раководител на Агенцијата за разузнавање.

Подносителот наведува дека политичката дискриминација е вршена меѓудругото и на начин што одредени лица од политичка партија најавуваат кадровски смени и ново раководство иако немаат надлежност за тоа.

Во врска со дискриминацијата по основ на пол, наведено е дека Претседателот на Републиката го разрешува поради фактот што е маж, а во едно интервју има изјавено дека треба да се внимава на застапеноста на жените на највисоките функции.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк