ЕСПН: Македонија го има најубавиот дрес на Европското првенство! Грците со жалба (Видео)

Американски „ЕСПН“ го прогласи дресот на македонската фудбалска репрезентација за најубав на ЕП.

Некогашниот американски репрезентативец, Еркулес Гомез Уртадо заедно со Клинтон Јејтс го издвоија нашиот дрес како најоригинален и најтрактивен на првенството.

Македонија утре ќе дебитира на Европското првенство со мечот против Австрија од 18 часот на националната арена во Букурешт.

Видео ТУКА

А на само неколку часа пред почетокот на Европското првенство нашиот јужен сосед упатил жалба до УЕФА за македонскиот дрес, објави грчкиот весник ‘Катимерини’.

Грчкиот министер за спорт Лефтерис Авгенакис се буни за логото на ФФМ на дресовите, односно кратенката „Фудбалска федерација на Македонија“, бидејќи истата ја нема придавката „северна“, што е спорно според Преспанскиот договор.

Писмо со жалба стигнало и до македонската власт откако грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас испратил допис до македонскиот колега Бујар Османи.