Македонското МНР со реакција по повод барањето на Грција за дресот на Македонија!

Грција вчера до УЕФА испрати писмо во кое бара да биде сменето логото на Македонскиот дрес во кое стои ФФМ, а никаде ја нема додавката Северна.

На ова со реакција се јавија и од МНР. Одтаму велат дека ФФМ не подлежи на тоа да го прилагоди своето име според Преспанскиот договор.

„Фудбалската Федерација на Македонија е независна и непрофитна организација која во централниот регистар е регистрирана како здружение, и како такво не прима државни пари. Договорот од Преспа опфаќа институции кои примаат државни пари. И се додека ФФМ не прима државни пари, нема обврска да се прилагоди според Преспанскиот договор.

Трговските марки во Договорот се дефинирани: кодот е МК, МКД. Некои прашуваат зошто не е НМК, но тој код е дефиниран само за регистарските таблички, според Преспанскиот договор“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција.