Денеска за прв пат од септември 2020 во земјава нема починат од Ковид 19!

Денеска за прв пат од септември 2020 земјава не регистрира жртви од ковид 19. Министерството за здравство го опишува ова како триумф над битката со вирусот и како надеж за подобрување на епидемиолошката слика.

Во извештајот на Министерството се наведува дека во последните 24 часа се регистрирани осум нови случаи на корона вирус, од извршени 3068 тестови. Девет лица се излекувани.

Од почетокот на пандемијата, во нашата земја се регистрирани 155.536 заразени лица. Од нив, 149.628 се опоравиле, додека 5.471 починале. Во моментов бројот на активни случаи е 437.