Connect with us

Инфо +

Заев: Станав милионер со продавање на сушени црвени пиперки!

Македонскиот премиер Зоран Заев за српски „Курир“ ја раскажа својата животна приказна.

Тој откри дека во младоста продавал лубеници, пиперки и домати на пазарот до Горњи Милановац, а и дека првите заработени милиони му се повразани со Србија.

Првата голема заработка – 2,4 милиони марки е од црвен пипер, кој го сушевме во Струмица, и му го дадовме на Хоргос за производство на сушен црвен пипер. Во 2001 година, во Суботица, преговаравме за цената, квалитетот, стандардите. Договорот падна, профитот беше 2,4 милиони марки. И со тој капитал купивме циглана. И кога ќе го прашате моето семејство од каде е создаден капиталот – тој е создаден од пазарот во Горњи Милановац и од српските фабрики. И син ми и ќерка ми го знаат тоа, а камоли постарите членови на семејството. И сега нека ми каже некој српски политичар дека Заев има резерви кон Србија, вели Заев.

Свет

Брисел подготвува строги казни за мигрантите – земјите-членки под притисок

Брисел – Земјите-членки на Европската унија се подготвуваат да поддржат значително заострување на миграциската политика, вклучувајќи воспоставување „центри за враќање“ на мигранти надвор од територијата на ЕУ.

Министрите за внатрешни работи денеска во Брисел ќе гласаат за предлозите на Европската комисија, кои предвидуваат построги казни за мигранти со одбиени азилски барања, враќање во „безбедни земји“ и принудно напуштање на територијата на ЕУ. Дополнително, пакетот вклучува распределба на најмалку 30.000 баратели на азил меѓу земјите-членки, при што земјите што нема да примаат мигранти ќе плаќаат по 20.000 евра за секое лице.

И покрај намалувањето на нелегалните влегувања за околу 20% оваа година, европските влади се под притисок да преземат акција, особено поради растот на крајнодесничарските партии. Данска и неколку други земји силно го поддржуваат пакетот, додека Франција и Шпанија го доведуваат во прашање легалитетот и ефективноста на предложените мерки.

Активистите предупредуваат дека новите мерки можат да го зголемат ризикот и правната неизвесност за мигрантите, додека ЕУ се обидува да постигне компромис до крајот на годината во услови на политички чувствително прашање.

Continue Reading

Свет

Половина Киев без струја по руски напади врз енергетскиот систем

Киев – Околу половина од населението на украинскиот главен град Киев денес остана без електрична енергија по најновите руски напади врз енергетската инфраструктура на земјата, соопшти Министерството за енергетика.

„Ситуацијата во Киев е една од најтешките – околу 50 проценти од потрошувачите во градот се без струја“, се наведува во официјалното соопштение на Телеграм.

Русија го зголеми бројот и интензитетот на нападите врз гасните и енергетските постројки на Украина, насочувајќи ги кон централи за производство на електрична енергија и далноводи. Трите украински нуклеарни централи, кои произведуваат повеќе од половина од електричната енергија на земјата, беа принудени да го намалат производството поради оштетувања на далноводите.

Како резултат, операторот на електричната мрежа, Укренерго, ги ограничи испораките на електрична енергија, оставајќи цели региони без струја. Прекините влијаат и на греењето и снабдувањето со вода, а жителите на Киев и околината во изминатата недела добиваат електрична енергија околу десет часа дневно.

Continue Reading

Свет

Мерц: „Не ни требаат САД за да ја заштитиме демократијата во Европа“

Германскиот канцелар Фридрих Мерц жестоко ги отфрли критиките на САД кон Европската Унија, изразени во неодамна објавената Стратегија за национална безбедност на Вашингтон.

„Не ни требаат Американците за да ја спасиме демократијата во Европа“, рече Мерц, додавајќи дека делови од документот се „неприфатливи“ за Европа.

Изјавата доаѓа во време на интензивни дипломатски напори меѓу САД и ЕУ за наоѓање заедничка основа за решавање на конфликтот во Украина, како и по неодамнешната казна на Европската комисија против компанијата за социјални медиуми X, која предизвика реакции од американската страна.

Во документот на САД се предупредува на економски пад и „цивилизациско уништување“ на Европа, предвидувајќи дека континентот може да стане „непрепознатлив за 20 години или помалку“ ако сегашните трендови продолжат.

Мерц, пак, истакнува дека Европа има капацитет и ресурси сама да ја заштити својата демократија и безбедност, нагласувајќи ја независната улога на континентот во глобалната политика.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг