Connect with us

Инфо +

Унгарија усвои Закон со кој се забpaнyвa на децата да им се промовира xoмоceкcyалност

Published

on

Унгарските пратеници усвоија закон кој забранува на децата да им се промовираат хомосексуалност или промена на пол, за што поддржувачите велат дека ќе помогне во борбата против педофилија, додека противниците сметаат дека е дискриминација на ЛГБТ заедницата.

Фидес, конзервативната партија на премиерот Виктор Орбан, го предложи законот, кој е последен начин за ускратување на правата на припадниците на ЛГБТ заедницата во оваа земја.

Парламентот го усвои законот со само еден глас против, но опозициските партии го бојкотираа гласањето. Мерката ја осудија и групите за човекови права, при што некои го споредија со законот против таканаречената геј пропаганда во Русија, усвоен во 2013.

Илјадници ЛГБТ активисти и други одржаа протест во Будимпешта вчера, што беше неуспешен обид да се спречи донесувањето на законот.

Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Честит Светски ден на ромскиот јазик – Поддршка и почит кон ромската заедница во Македонија

Published

on

Денес, на 5 ноември, го одбележуваме Светскиот ден на ромскиот јазик – ден посветен на зачувувањето и промоцијата на јазикот, културата и образованието на ромската заедница. Ромската заедница, со својата богата историја и традиции, претставува значаен дел од културното богатство на Македонија и придонесува кон нејзината разновидност и инклузивност.

ЗЕЛС се посветува на поддржување иницијативи и програми кои промовираат инклузија и овозможуваат еднаков пристап на ромската заедница во образованието, културата и општествениот живот. Во соработка со локалните самоуправи и институции, ЗЕЛС ќе продолжи да ги креира можностите за рамноправен развој на ромската заедница во Македонија.

Одбележувањето на Светскиот ден на ромскиот јазик не само што истакнува значајноста на јазикот и културното наследство на Ромите, туку претставува и порака на поддршка, почит и заедништво.

Continue Reading

Македонија

Загина едно лице во кавадаречко, три се повредени – Уште една страотна несреќа на македонските патишта

Published

on

Едно лице загина на лице место, а три се тешко повредени во сообраќајка што се случила утрово околу 9 часот кај село Рибарци, на регионалниот пат од Кавадарци кон Росоман. Оваа информација ја потврдија од Итната медицинска помош во Кавадарци.

– Трите лица се транспортирани до кавадаречката болница, велат од Брза помош Кавадарци.

Од СВР Велес потврдија за МИА дека на лице место се врши увид, по случена сообраќајна несреќа помеѓу две возила. 

Continue Reading

Свет

Изборен ден во САД – непредвидливи и тесни претседателски избори

Published

on

Непредвидливите и тесни претседателски избори во САД ќе кулминираат денеска кога гласачите низ длабоко поделената земја ќе одлучуваат дали Камала Харис или Доналд Трамп во јануари ќе бидат во Белата куќа, пренесе ДПА.

Харис, актуелната демократска потпретседателка, и Трамп, републиканскиот поранешен претседател, кој бара втор четиригодишен мандат, ги поминаа последните френетични недели од кампањата, изнесувајќи ги своите ставови пред гласачите во седумте критични држави кои веројатно ќе го одлучат победникот.

Според анкетите, ниту еден од кандидатите во државите Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Џорџија, Северна Каролина, Невада и Аризона нема значајно статистичка предност, што ја засилува високата неизвесност додека трката се движи кон целта.

Но, правните и политичките аналитичари предупредуваат дека постои голема веројатност дека може да поминат неколку денови, па дури и недели, пред да се знае следниот претседател, доколку премногу тесните трки се заглават во пребројување на гласачките ливчиња и правни препукувања.

Лидерите ширум светот, не само во Европа, ќе следат внимателно. Претседателските избори во САД имаат огромно влијание на глобално ниво, со тоа што Соединетите Држави играат клучна улога кога станува збор за меѓународните жаришта како Украина, Блискиот Исток и Тајван, како и во влијателни тела како што е воената алијанса на НАТО.

Околу 240 милиони луѓе имаат право да гласаат на изборите, кои исто така ќе одлучуваат за составот на двата дома на Конгресот: Претставничкиот дом и Сенатот. Која партија ги контролира нив ќе има големо влијание врз агендата на политиката на идниот претседател.

Повеќе од 78 милиони избирачи веќе гласале во 47 држави и во Дистриктот Колумбија, според податоците што ги собрале СИ-Ен-Ен, Edison Research и Catalist, компанија која обезбедува податоци, аналитика и други услуги на демократите, академиците и непрофитните групи за застапување, вклучително и увид за тоа кој гласа пред ноември.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк